Published: Monday, February 3, 2014 09:20
Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница согласно решението за распишување избори за претседател на Република Македонија на 13 април 2014 година, издадено од претседателот на Собранието Трајко Вељановски на 1 февруари 2014 година.
На седницата ДИК ќе расправа по роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на изборите за претседател на Република Македонија.




