Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе го разгледа Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список, заклучно со денешниот датум.
Членовите на Комисијата ќе го утврдуваат и начинот на постапување по прашањата од теренските проверки врз основа на Правилникот за методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список.