Државната изборна комисија денеска треба соопшти како ќе ја спроведува најавената теренска проверки на податоците кои произлегоа од извештајот од вкрстените проверки на податоците од десетина државни институции.
ДИК планира да почне и медиумска кампања наречена „Отворени врати“ преку која граѓаните треба да се информираат и да се мотивираат за соработка со тимовите на комисијата кои ќе ја спроведат теренската проверка.
Проверката ќе ја вршак обучени и овластени анкетари на Заводот за статистика. Тимовите на ДИК од подрачните единици ќе бидат контролори, а партиите набљудувачи.
Рокот на завршување на прочистувањето на избирачкиот список е 17 април.
И натаму е нејасно колку лица ќе бидат теренски проверени. Се претпоставува дека таа бројка ќе биде околу 100 илјади гласачи. Околу 35 илјади гласачи ќе бидат проверувани по административен пат (починати лица кои не биле избришани од списокот). И уште една група од 62.837 лица ќе биде проверена по административен пат.
ДИК допрва треба да одлучи за 7.345 лица кои не се распоредени по избирачки места, а имаат гласачко право. Три илјади адреси или 44.308 гласачи ќе бидат проверени според критериумот една адреса – повеќе гласачи.




