Груевски апелираше до претседателот на СДСМ, Зоран Заев и до претседателот на ДИК, Борис Кондарко, веднаш да започнат со прочистување на изборниот список, бидејќи Комисијата е надлежна за тоа.
Сепак според него барањето на СДСМ за прочистен избирачки список е само алиби за слабите изборни резултати на следните избори.
Премиерот Груевски смета дека е работи за бојкот од страна на претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, кој шест месеци намерно избегнува прочистување на избирачкиот список.
-Досега ДИК требаше три пати да го прочисти избирачкиот списог, меѓутоа намерно го избегнува тоа со цел да и послужи како алиби за слабите изборни резултати на СДСМ, истакна премиерот.
Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, минатата недела оствари средба со делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од амбасадорот Герт Хинрих Аренс, Шеф на набљудувачката мисија за локалните избори 2013 г.
На средбата се разговарало за изборниот процес во земјава, со акцент на проблемите кои се појавуваат и се повторуваат во него.
Како и за нецелосната имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот Законик, а беше потврдена констатацијата дека за нашата земја сериозен предизвик се фер и демократски избори. Се осврна внимание и на нерегуларностите на локалните избори, особено на увезените гласачи од Пустец, заплашување на гласачите, злоупотреба на државни институции и сл.




