Според ДИК од досега преброените 61% од гласовите на предвремените парламентарни избори 42,29% од гласовите освоила коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, додека за опозиционата СДСМ гласале 22,93% од гласачите.

Од албанскиот политички блок над 16% има ДУИ, а над 7% ДПА.

Резултатите од преброените 50,60% проценти од гласовите, според ДИК, за досегашниот претседател Ѓорге Иванов гласале 56,88%, а за кандидатот на опозицијата Стево Пендаровски 39,60%.

Промената на резултатите можете да ја следите на интерактивната мапа на ДИК.