Државната изборна комисија ја завршила вкрстената проверка на податоците и извештајот од добиените податоци ќе го разгледа на едница в среда.
Како што соопштуваат до ДИК веднаш потоа ќе започнат подготовките за спроведување на теренската проверка.
Предмет на ваква проверка ќе бидат и дел од нерегуларностите кои ги пријавиле граѓаните, додека другите ќе се проверуваат преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки.
Од денот на објавувањето на Избирачкиот список на својата веб страна до денес околу 5.000 граѓани пријавиле проблематични случаи во однос на податоците.
Од вчера на полноќ ДИК ја затвори опцијата за пријавување на нерегуларности во Избирачкиот список на веб страницата, бидејќи ако што објаснуваат оттаму, потребно е време за соодветно да се обработат пристигнатите пријави, да се споредат со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка.
Сепак тие ги повикуваат сите граѓани кои забележале нерегуларности и натаму да ги пријавуваат преку подрачните одделенија и канцеларии.




