НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Диме Спасов си ја запечати политичка кариера, пред вистински да почне

0
By Нова ТВ on November 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една луда ноќ полна со контроверзии и нелогичности ја запечати кариерата на младиот политичар. Диме Спасов ќе остане запаметен како „малиот“ министер кој дивеел со службена кола низ скопските улици, бркан од полицијата, предизвикувајќи две сообраќајки, а не по некаква значајна реформа или политичко влијание.

Диме Спасов, екс министерот за труд и социјална политика, сега дополнителен заменик министер самиот ја запечати својата политичка кариера. Многу тешко би можел да се опорави од скандалозната вечер, кога со службен автомобил ноќе предизвикал дури две сообраќајки бегајќи од полицијата и на крајот оставајќи ја својата сопатничка.

Јавноста се шокираше од апсурдноста на однесувањето на младиот политичар, кој пет дена се криеше од медиумите за да го објасни своето скандалозно поведение. Интервјуто кое завчера го даде за една провладина телевизија наместо да ги расветли, дополнително ги заплетка неговите оправдувања. Приказната дека низ цело Скопје го бркале осудени криминалци со пиштоли, почна да пука по сите шафови и е полна со нелогичности.

Различните верзии за настанот, признавањето дека самиот го возел автомобилот и покрај тоа што МВР објави дека извесен М.Т. (неговиот возач) лажно тврдел дека го возел автомобилот,  менувањето на изјавите на неговата сопатничка, се само дел од нелогичностите во неговата приказна, кои во деновите што следат, ќе се расветлат од истражните органи. НОВА се обиде да го контактира Спасов за коментар за случувањата и потребите на оваа сторија, но засега тој не е достапен за коментар.

Кој е Диме Спасов, политичарот кој барем во следните неколку години ќе остане запаметен како „малиот“ која дивеел по скопските улици, а не по некаква значајна политичка реформа која ја направил во трите години додека е на политичка функција.

Иако беше министер неколку години, сепак поради младоста и неискуството, во јавноста за него се ширеше сликата дека важните одлуки сепак ги носи некој друг во партијата. Самиот, не остави особен впечаток за лидерство или независност во водењето на министерството.

Добар ученик и популарен меѓу девојките

Спасов е роден на 7 мај 1985 година во Скопје, оженет со Бојана и татко е на едно дете, Лука. Спасов го има започнато своето образование во основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле, каде важи за добар и популарен ученик.

Средно училиште завршил во средното економско и правно училиште „Васил Антевски – Дрен“ во Кисела Вода.

Оние кои го познаваат од тие денови, знаат дека Спасов уште од мал е прилично активен во ноќниот живот во Скопје, вклучен во организација на многу забави и менаџирање на ноќни клубови. За неговата полуларност од младинските денови сведочи и сликата од неговиот средношколски алманах која деновиве стана вирална каде учениците го опишуваат со следната реченица.

„Диме беше менаџер славен, на сите забави беше главен, за школо многу се нервираше, ама професорките ги шармираше“.

dime-alm

Иако како министер во голема мера делува срамежливо, па дури и незабележително, не можејќи никако да излезе од сенката на партијата и големиот лидер, приватно многумина би рекле дека Спасов е шармер, кој воопшто не е повлечен, туку напротив.

По скандалозната вечер, во јавноста големо внимание предизвика и интересот која била младата сопатничка која ноќе била со него, за време на сообраќајката. Како женет човек и политички функционер од владејачката демохристијанска партија,  природен е интересот и за приватниот живот на Спасов и затоа дали навистина верува во светоста на бракот, како што тоа често го проповеда.

За многумина беше скандал тоа што тој бил со девојка која не е неговата сопруга во 11 часот навечер, додека предизвикал две сообраќајки и бегал од полицијата. Но за некои, поголемо изненадување низ годините беа пропагирањето на конзервативни вредности во кои времето ќе покаже дали верува и самиот.

14908308_10153836698621039_23902637359798946_n

„ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува само семејните вредности и се залага за зачувување на македонското семејство. За нас брачната заедница треба да биде составена од еден маж и една жена“, гласи еден од постовите на официјалната страна на Спасов.

Кога како Министер за труд и социјална политика, Спасов се ожени со својата долгогодишна љубов  од средношколските денови, Бојана, тој на  Фејсбук сподели фотографија од бурмите на нивните раце.

диме

Во дел од порталите се појавија информации дека избраничката на младиот министер е внука на Лазар Колишевски, односно ќерка на една од трите негови ќерки. Медиумите го иронизираа фактот дека еден од министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја посватил партијата со најтесното семејство на комунистичкиот лидер. Наводно младиот брачен пар живеел во бараката на Колишевски на Водно, во која самиот живеел до неговата смрт во 2000-та година.

Кариера градена по учебникот на ВМРО-ДПМНЕ

Спасов ја гради својата политичка кариера според учебникот на владејачката партија, во која се зачленил во средношколските денови. Поточно, во неколкуте институции кои служеа за „билдање“ на кариерите на младите ВМРО-вци, како Агенцијата за млади и спорт, Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Катастарот за недвижности.

Од  2011-та до 2013-та Спасов е претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според биографијата која е достапна на Википедија, тој по професија е дипломиран правник, а високо образование го стекнал на Факултетот за правни студии “Јустинијан Први”- Скопје. Паралелно со факултетот, во периодот од 2006 до 2009 година работи како референт за извршување и правни работи во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ.

gruevski-spasov-deca51-640x357

Од 2009 до 2010 година ја извршува функцијата заменик директор на АДСДП – подрачна единица Скопје.

Следните две години е директор на Агенција за млади и спорт. Во 2011-та година, Владата го назначува за државен секретар во Министерството за правда и оваа функција ја извршува до 2012 година.

Од декември 2012 до мај 2013 е помошник на директорот на Агенција за катастар на недвижности, за истата година да стане Министер за труд и социјална политика. Оваа функција ја изршува сè до ноември 2015 година, и по промените кои настанаа со Пржинскиот договор, тој сега е дополнителен заменик Министер за труд и социјална политика.

Спасов е гледан како еден од младите надежни кадри во партијата, кои беа туркани во првите редови, особено по објавата на бомбите.  До контроверзната вечер, за неговото име не се поврзуваа никакви скандали или инциденти, што му даваше потенцијал да стане поважен фактор во иднина. Критичната вечер, го промени правецот на неговата политичка кариера.

ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.