Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитриев: Во војните нема победници, штетата по светската економија ќе биде евидентна

0
By Biljana on February 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот заменик-министер за одбрана Емил Димитриев, во изјава за НоваТВ вели дека граѓаните на нашата земја, се солидаризираат со украинскиот народ и се на страната на мирот и меѓународното право.

„Мој впечаток е дека развојот на настаните поврзан со Украина, т.е интензивирањето на воените дејствија е за осуда по повеќе основи. Ќе подвлечам само неколку. Ако тргнеме од најстарата дефиниција за војната како последен инструмент на политиката во конкретниов случај не сум сигурен дека докрај беа исцрпени сите политички солуции за мирна разрешница. Просторот за меѓународен дијалог како да беше прескокнат и многу бргу се премина кон воени дејствија. Вториот момент е кршење на меѓународното право како есенција на светскиот поредок. Тоа подразбира кршење на суверинитетот на земјите спротивно на меѓународните норми и принципи. Најголема штета од ваквата ситуација ќе бидат човечките жртви кои неминовно се за очекување. Понатаму, напуштањето на родните места и бегање од заканите имаат големи последици по граѓаните кои се изложени пред опасноста. Штетата по светската економија ќе биде евидентна. Се на се по кој знае пат ќе видиме дека во војните нема победници. Македонија како земја членка на НАТО треба да ги сподели сите предизвици кои произлегуваат од нашето членство, согласно националните ресурси. Граѓаните на нашата земја, се солидаризираат со украинскиот народ и се на страната на мирот и меѓународното право“, вели Димитриев за НоваТВ.

Емил Димитриев Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.