Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Бегањето од референдум не може да биде патриотизам

0
By Нова ТВ on August 6, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не смееме да заборавиме дека пропуштивме многу европски возови и дека патот кон нашата стратегиска цел е сѐ потесен и потежок. Наша должност е да направиме сѐ што можеме за да се качиме на овој воз, бидејќи никој не знае кога и дали ќе има друг, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за МКД.мк.

На тврдењата од опозицијата дека можат да постигнат подобар договор за името одговара дека досега, наместо со обид за решавање, низ антиквизацијата биле зафатени со дополнително усложнување на прашањето.

Димитров смета дека Договорот со Грција е целосно поврзан со членството во НАТО и ЕУ, бидејќи како што вели изгубена е цела генерација „заклучени во чекалната – за НАТО од 2008 и за ЕУ од 2009 година – токму поради прашањето на името“.

– Не можете да бидете за членството во ЕУ и НАТО, а истовремено да бидете против договорот што ја отстранува пречката, ја отклучува вратата, го кине јажето на каменот што нѐ влече надолу со децении. Можете, ама треба да понудите друг пат кон целта. Пат што ќе биде кредибилен, вели Димитров во интервјуто.

За тврдењето на опозицијата дека ќе направи подобар договор, Димитров вели дека тоа го тврди и грчката опозиција и прашува: Зошто тоа не го направија досега, на што одговара:

-Затоа што наместо со разговори, наместо со обид за решавање, низ антиквизацијата, беа зафатени со дополнително компликување на прашањето. Наместо пријатели, им требаа непријатели, за да тажиме и да му се лутиме на светот колку е неправеден. Конечно, да не заборавиме дека пропуштивме многу европски возови и дека патот кон нашата стратешка цел е сѐ потесен и потежок. Наша должност е да направиме сѐ што можеме за да се качиме на овој воз, бидејќи никој не знае кога и дали ќе има друг, вели Димитров.

На прашањето, дали со прифажањето на амнестијата може да се постигне компромис со опозицијата за остварување на членството во ЕУ и НАТО, Димитров смета дека патот кон е ЕУ, е условен со одговорност за индициите за криминал од прислушуваните разговори и за нападот врз Собранието во април 2017, посочувајќи ги заклучоците на Советот на ЕУ од јуни годинава.

– Каква е таа партија што е спремна државата и народот да ги држи во заложништво, за да избега од правдата? Дали тоа воопшто е политичка партија или се работи за друг тип организација? Бегањето од одговорност за (не)делата во минатото и за иднината на татковината, бегањето од волјата на народот, односно референдумот, не може да биде патриотизам, бидејќи патриотизмот значи храброст, одговорност и одлуки во името на повисоки цели и идеали, истакнува Димитров.

Одговајќи на прашањето што Македонија доби или изгуби со овој Договор, министерот за надворешни работи потенцира дека стравот кај нас од географска одредница кон името Македонија беше идентитетски страв, но идентитетот сега е заштитен -Договорот прави дистинкција, ја разликува државата Македонија, додавајќи географски факт или одредница кон нашето име Македонија, од регионот Македонија во Грција.

Преку членот 7, како што вели Димитров, се укажува дека на поимите Македонија и македонско, им се придава различно значење во двете држави.

-Договорот е компромис што ги покрива најважните грижи на двете страни и гради мост за пријателство и идно сојузништво и стратегиско партнерство. Со договорот, двете страни растат и се помируваат, бидејќи не можат да ја сменат својата географија и минато, но можат да влијаат врз својата и заедничката иднина, вели министерот Димитров во интервју за МКД.мк.

Димитров Договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.