Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Голема е одговорноста кое било тело клучот да го земе од рацете на граѓаните

1
By Нова ТВ on September 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 18, 2018 17:40

Голема е одговорноста во овој момент, кое било тело, дури и Уставниот суд клучот да го земе од рацете на граѓаните.Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров на прес-конференцијата со германскиот колега Хајко Мас, одговарајќи на новинарско прашање доколку процесот за референдум се стопира во однос на одлуката на Уставниот суд.

Нагласи дека на ниво на аргументи има две тези. Првата е дека ни треба посебен задолжителен референдум за стапување во сојуз со други држави. Таа уставна одредба, како што појасни се однесува кога се пренесува суверенитет.

– Точно е дека за членство во ЕУ ќе имаме една таква работа, но тоа нема да се случи утре, ќе поминат неколку години, нагласи Димитров.

Тој рече дека одредбата се однесува главно на стапување во сојуз со други држави во смисла на федерација или конфедерација.

Димитров вели дека за НАТО, која е меѓународна владина организација, таа одредба не е релевантна.

Во однос на начинот на кој е поставено прашањето, односно дека во себа ги содржи и Договорот со Грција и членството во ЕУ и НАТО, Димитров вели дека оваа забелешка и правно и политички е многу наивна.

– Договорот  решавање на спорот со Грција стапува во сила заедно со ратификацијата на претпристапните протоколи за нашето членство во НАТО од страна на грчкиот Парламент, а спроведување на договорот во еден дел го следи нашиот пат кон ЕУ. Сите прашања се вака испреплетени и меѓусебно поврзани, нагласи тој.

Уставниот суд утре треба да одлучува за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. До Уставниот суд поднесени се иницијативи од политичката партија „Левица“ и од Светскиот македонски конгрес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.