„Ние долго време се обидуваме да дадеме шанса на овој процес, мислам дека јавноста тоа јасно го забележува, многу сме внимателни со јавните изјави. Тоа што го велиме јавно е дека ние сакаме членство во ЕУ, сакаме да ги започнеме преговорите меѓутоа не разговараме и не можеме да разговараме за тоа кој сме и каков јазик зборуваме, во однос на македонскиот народ во државата ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, тоа е наше право е наше суверено внатрешно право. Бугарија тогаш како прва држава меѓу другото го прифатила и тоа наше суверено право“- изјави вицепремиерот Никола Димитров, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој откри дека во текот на разоворите бугарските власти имале навредувачки тонови кон македонскиот народ, на што Димитров морал да реагира.

„Не постојат природни нации на светот, затоа што поимот нација не е врзан со крвта и со ДНК, туку е врзан со еден историски процес што создава чувства на заедништво, поврзан со јазик, со култура. Сите нации се општествени конструкции, сите до една во светот се општествени конструкции…Имаше еден таков испад во еден од овие разговори и јас токму тоа го укажав „дека ова е навредливо за мојот народ.“ Не може да се каже таканаречен, измислен, дека е тоа навредливо, дека тоа не е добрососедски чин, и дека не е инвестиција во добрососедство“- изјави Димотров