Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров од Приштина: Контра мерките не се решение, тоа е лош правец

0
By Нова ТВ on July 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако воведеме контра мерки, работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да седнеме за да најдеме решение, изјави министерот за надворшени работи Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега Беџет Пацоли во Приштина, осврнувајќи се на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот.

Убеден сум, истакна Димитров, дека ќе ја следиме новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање.

Според него, во време на поврзување и имплементирање на Берлинскиот процес кој токму тоа го налага, треба да се елиминираат бариерите.

– Мислам дека само тоа е патот за заштита и на нашите и на вашите производители. Мислам дека не можете да се заштитите себе си ако го повредите соседот. Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за пријателот во соседството. Мора да најдеме решение. Да не одиме по старата балканска политика, да не фати инает. Треба да одиме по новата европска балканска политика и ќе најдеме начин низ дијалог да го надминеме ова прашање, рече Димитров.

Димитров појасни дека членот 24 од Договорот за ЦЕФТА упатува на процедура кога една земја мисли дека нејзината економска ситуација е влошена треба да се почне истрага и да се спроведат преговори, а потоа да се применуваат мерки.

Шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, пак, ги потенцира традиционалнои одличните билатерални односи со Македонија.

-Република Макеоднија е природен пријател на Косово. Добрите односи меѓу двете земји продолжуваат и натаму. Како што знаете, Косово и Македонија почнаа поширока соработка, имаме најмалку две средби на годишно на ниво на претседатели. Договоривме по најмалку две средби годишно на ниво на премиери и две меѓувладини средби. Првата средба е предвидена во септември, која може евентуално да биде одложена поради фактот што Македонија се наоѓа пред подготовка за референдум. Му честитав на мојот колега за одличната работа во решавањето на повеќегодишното прашање за името меѓу Македонија и Грција. Оваа одлука создаде позитивна атмосфера во регионот, особено за Косово. Оваа работа е позитивна, бидејќи и се нуди можност да се чуствува како безбедна зона, изјави Пацоли.

 

Министерството за земјоделство денеска соопшти дека Македонија и официјално, со допис до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово, побара повлекување на времената  одлука за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Ако Косово не ја повлече одлуката, Владата на Република Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

 

Димитров Косово Пацоли царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.