Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Ова не е добро за ЕУ, губиме ние, губат комшиите, губи целиот регион

0
By Biljana on June 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ефектот од целиот овој контекст не е добар за никој, не е добар за ЕУ, која што губи во еден регион што е во рамките на Европа, губиме ние, губат комшиите, губи целиот регион“, рече вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, во „Тема на денот“ на Сител ТВ за недобивањето датум за почеток на преговори. Тој додаде дека во Договорот за пријателство со Бугарија стои и поддршка од бугарската страна на нашиот европски пат. Тешко е, вели, да ги помирите зборовите поддршка со зборот блокада или вето.

„Од македонскиот јазик и македонскиот идентитет никогаш нема да се откажеме. Тоа треба да го знаат и комшиите, не може, не е европски, ова е нашата форма на самоопределување. Европскиот договор за патот напред мора да го вклучува правото на самоопределување“, рече Димитров.

Граѓаните сакаат земајва да стане членка на ЕУ за да биде функционална, просперитетна, европска демократија, вели Димитров, додавајќи дека тоа ќе значи независно судство, слободни медиуми, добри плати, добар здравствен систем и организирана животна средина.

„Пристапниот процес е алаката како да дојдеме до таа точка. Но ние до таа точка мора да се движиме без разлика на пристапниот процес. Поинтензивна соработка со САД во овој контекст, како да одиме напред кон таа визија има апсолутна логика. Има логика и билатерално со земји-членки на ЕУ да имаме партнерства што се во области во кои имаме заеднички интерес“, рече Димитров.

Тој потенцираше дека Преспанскиот договор бил потпишан бидејќи Грција го прифатила правото на самоопределување и додаде дека тоа никој нема да го чепне, ниту денес, ниту утре, колку и да е тешка ситуацијата.

„Европа е полна со различни историски наративи, не сме ние уникат. Европскиот начин е да научите како да живеете со тие разлики, како да имате стратешка соработка и покрај различните погледи и како да најдете механизми, стручните луѓе со академски титули да разговараат за тие прашања“, рече Димитров.

Бугарија ЕУ македонско-бугарски односи Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.