Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Се уште нема препорака за затворање на границата со Србија и Косово

0
By Нова ТВ on July 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека се уште нема конечна препорака на Комисијата за заразни болести во врска со затворањето на границата со Србија и Косово.

-Има некои комплексни сложени ситуации во смисла на транзит, на ПЦР тестовите, некои информации недостигаат. Ќе биде важно да се продолжи со оваа консултација бидејќи сите одлуки што ние или било кој во регионот и ЕУ ги носи во однос на границите се пред се водени од здравствен аспект. Нема политика, нема пријателство, главната калкулација е епидемиолошката слика, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање по претставувањето на идејата за „Преспа форум за дијалог“.

Доколку денеска нема јасна препорака, додаде тој, треба да се продолжи со разговор за да се донесе одлука. Според него, се следи каква е состојбата во сите соседни земји.

Во врска со забраната за македонските граѓани за патување во земјите од ЕУ до исполнување на просекот од 20 нови случаи на 100 илјади жители во последните 14 дена, што би значело дека треба за тој период да има помалку од 400 новозаразени со КОВИД-19, Димитров истакна дека доколку сите се придржуваме кон мерките побрзо ќе стасаме до исполнување на тој услов, кој, како што посочи, е еден од трите, согласно кои ЕУ ја формира белата листа за патување.

-Три клучни критериуми се битни за ЕУ во врска со белата листа за слободно патување. Со тоа што и во ЕУ ситуицијата се менува и не е исклучено да има извесни промени. Ова е еден вид просек иако има големи скокови и падови. Првиот е земјата да е блиску или под дваесет нови случаи регистрирани во поледните 14 дена на 100 илјади. Ако ние сме околу 2 милиони точна е таа калкулција. Вториот е трендот на нови случаи во истиот период во спредба со претходните 14 дена да биде стабилен или опаѓачки. Понатаму се зема предвид колку се тестира, дали само симптоматски или асимптоматски, колку се следат контактите, третманот и веродостојноста на информациите. Во овој контекст мислам дека е важно колку повеќе сите носиме маски, избегнуваме контакти, се дезинфикуваме, толку побарзо ќе дојдеме до овој праг од 400 нови случаи во период на 14, истакна шефот на дипломатијата.

Димитров напомена дека забраната не важи за суштински патувања, како регулиран престој, образование, хуманитарни причини, семејно обединување…, а најави дека во контакт со земите каде има најголем интерес од македонските граѓани да се утврдат протоколи за бизнис секторот кој има потреба да одржува состанок во некоја земја, како и за лицата кои имаат имоти во некои соседни држави.

Граници Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.