Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров со поддршка за Шилегов: Ќе гласам за него со чиста совест!

0
By НОВА ТВ Balaban on October 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Либертас
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Со ова писание сакам да му дадам искрена и сесрдна поддршка на Петре Шилегов. Ќе гласам за него во недела, со чиста совест. Дали Петре направи многу за Скопје во првиот мандат? Апсолутно. Дали е идеален градоначалник? Не верувам. Дали е неспоредливо подобар од другата кандидатка? Немам никакви дилеми, објави Димитров.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, јавно го поддржа Петре Шилегов преку Фејсбук.
„Се мислев дали е мое да се заложам за кандидат на локалните избори. Не сум партиски човек, а чувствувам обврска кон граѓаните на Скопје да го соопштам мојот став. Со гласачите од ИЕ 1 имаме взаемна доверба од парламентарните избори. Секогаш сум бил и ќе бидам гласот на граѓаните. Немам политичка, ниту етичка обврска да давам бланко поддршка водејќи се од буквите на партијата, по логика што мене не ми е блиска: „ако се моите, добри се без разлика на сѐ – ако се другите, лоши се без разлика на сѐ”.
Роден сум во Скопје и пораснав главно во Центар, а доста време во детството го поминав и кај баба ми во Карпош. Си го сакам Скопје, иако кога можам го заобиколувам плоштадот што искрено преку “Скопје 2014” го направија прослава на кичот. Го сакам Скопје со сите негови маани. Можеби сум пристрасен, бидејќи речиси нема улица и сокаче каде немам сеќавања, ама градот ни има голема душа. И токму затоа, како граѓанин, решив да си кажам што мислам за изборот за градоначалник на мојот град.
Со ова писание сакам да му дадам искрена и сесрдна поддршка на Петре Шилегов.
Ќе гласам за него во недела, со чиста совест.
Дали Петре направи многу за Скопје во првиот мандат? Апсолутно.
Дали е идеален градоначалник? Не верувам.
Дали е неспоредливо подобар од другата кандидатка? Немам никакви дилеми.
За нашиот „избор” пак во поширока смисла, што се однесува на стратешкиот правец на татковината, ситуацијата ни е тешка.
Опозицијата ниту помага, ниту реално се трка во истиот правец – силна и европска демократија, слобода и правда за сите, членка на НАТО и заслужена, иако сѐ уште неостварена одлука на ЕУ за почеток на пристапните преговори.
Од друга страна, сосема ми е јасно дека за многумина тоа не е доволно. Јасно ми е дека поминаа речиси пет години. Режимот тешко да се памети.
Лекцијата од првиот круг локални избори е дека мора да се работи поинаку, далеку подобро и поискрено. Парадоксално можеби, но или ќе се разбере таа лекција вистински и ќе се вози директно нагоре или ќе се стркала колата повторно надолу. Од резултатите на таа лекција навистина ќе зависи многу… или сè!
Со среќа Петре! И со ум“ – напиша на Фејсбук Димитров.
го поддржа Никола Димитров Петре Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.