Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров во посета на Талин

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 7, 2021 07:22

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Естонија.

Како што соопшти СЕП, предвидени се средби со министерката за надворешни работи Ева-Марија Лииметс, со претставници на естонскиот парламент (Riigikogu) – Марко Микелсон, претседател на Комитетот за надворешни работи и Сиим Каалас, претседател на Комитетот за европски прашања, како и со претставници од кабинетот на премиерката Каја Калас, задолжени за европски прашања. Димитров ќе се сретне и со директорот на Естонскиот центар за источно партнерство, Герт Антсу.

Во светло на поддршката за пробив на нашиот европски пат, Димитров ќе ја пренесе пораката за потребата од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ што побрзо.

На средбите ќе се дискутира и за зајакнување на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Естонија, со особен фокус на процесот на дигитализација. Преку конкретна експертска поддршка, како една од најуспешните европски земји во однос на дигитализацијата, Димитров ќе разговара за пренесување на естонските искуства со е-влада, како и дигитализација на процесите и услугите за граѓаните и бизнис заедницата, стои во соопштението на СЕП.

По неодамнешните посети на Вилнус и Рига, со Талин, Димитров ја заокружува балтичката турнеја, надоврзувајќи се на серијата посети на главни градови на ЕУ земји членки, значајни за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.