Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров за Еуро Вестерн Балканс: Референдумот е голем предизвик

0
By Нова ТВ on July 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија кон средината на следната година може и формално да стане 30. земја-членка на НАТО, доколку сите други процеси се одвиваат како што треба, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Еуро Вестерн Балканс, пренесува МИА.

На прашањето дали Македонија може да влезе во НАТО следната година и дали процесот на пристапување ќе биде брз како што беше најавувано шефот на дипломатијата нагласи дека станува збор за технички процес, што може да се сработи за неколку месеци.

– Но, тој исто така е поврзан со исполнување на нашите обврски од Договорот со Грција. Ни претстои референдум и процес на измена на Уставот. И откако ова биде финализирано, ќе може да ги потпишеме протоколите за пристапување, кои потоа ќе бидат ратификувани во Парламентот на Атина и во другите земји-членки. Ако работите одат добро во прашање се месеци. Можеби кон средината на следната година ќе бидеме формално 30 земја-членка на НАТО, порача шефот на дипломатијата.

Во врска со неговите очекувања од референдумот истакна дека смета дека граѓаните ќе го подрржат договорот, бидејќи, како што рече со него е покриен најсензитивниот дел, идентитетот и јазикот.

– Ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Најдовме начин да направиме разлика меѓу културното наследство и што ние мислиме кога ќе кажеме Македонци во Макеоднија и што Грците мислат кога ќе кажат Македонија и Македонци. На многу начини ова е крај на една ера за Македонците, која беше полна со предизвици и прашалници, вели тој.

Прашањето е одѕивот, вели, поради тоа што Избирачкиот список не е ажуриран.

– Формално имаме 1,8 милиони гласачи, но најверојатно имаме помалку граѓани кои живеат моментално во земјата, додаде тој.

Референдумот ќе биде голем предизвик, нагласува Димитров и додава дека во голема мерка ќе зависи од опозицијата и начинот на кој таа ќе постапи.

– Ако ја препознаат историската шанса и историскиот момент, ако сите повеќе мислиме на земјата, а помалку на нашата политичка иднина, тогаш ова ќе биде мошне успешен референдум. Следните денови ќе мора да донесеме одлуки, како да го сториме ова. Влогот е многу голем и сметам дека нема поголема патриотска должност за секоја влада во Македонија, од креирање на ваква можност, нагласи шефот на дипломатијата.

На прашањето дали Владата има стратегија ако референдумот не успее, вели дека во моментов фокусот е на победа.

– Ќе размислуваме позитивно и ќе се фокусираме на план А. Имаме премиер кој целосно инвестира во ова. Не станува збор да се остане на власт, тоа не е клучната намера. Имаме голема мисија за земјата. Се обидуваме да направиме работи, кои не сме ги направиле изминатите 20 години, во една, две или три години. Тоа е предизвик, но немаме време за губење, нагласи Димитров.

За Договорот со Грција вели дека заслугите се и на двете страни.

– Не можете да се борите да вложувате напори за да се отворат вратите на НАТО и да го продолжите патот кон ЕУ, бидејќи влегувањето во НАТО и да се биде дел од европското семејство значи дека ќе бидеме сојузници со нашите грчки соседи, вели тој.

Пет години отсега, додава Димитров ќе се отври голем потенцијал не само во однос на евроатлантските аспирации, но и во однос на нашата билатерална соработка со Грција.

– И нема ништо поприродно од тоа нашиот сосед да биде нашиот најголем поддржувач, додаде тоју.

Во врска со одлуката на ЕС за отворање преговори во јуни следната година, Димитров нагласи дека проблемот за нас е што пропуштивме многу шанси чекајќи на станицата.

– Возовите поминуваа и сега нашето патување е многу потешко и води на угорнина, бидејќи проширувањето не е популарно. ЕУ се соочува со своите сопствени проблеми, од Еврозоната до Брегзит и миграциската криза, која е и криза на солидарноста. Значи контекстот сега е многу покомплексен и потежок од што беше порано. Процесот на влез е многу поригиден, постриктен и подолг. Затоа мора да се соочиме со оваа реалност и да сториме што можеме. Политиката е уметност на можното и мора да ги увериме сите дека многу помалку чини да го направиме Балканот европски, отколку да ги игнорираме позитивните работи кои произлегуваат од нашиот регион, рече шефот на дипломатијата во интервјуто за Еуро Вестерн Балканс, што го пренесува МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.