Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: За нас прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот

0
By Нова ТВ on May 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 17, 2020 19:53

За нас прашањето за македонскиот јази е затворено и кај нас и во светот,  вели  министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24 вести.

Тој истакна дека повеќето од прашањата што ја рефлектираат позицијата што соседна Бугарија ја усвои во нивниот Парламент тогаш кога имаа локални избори минатата есен, според нас, излегуваат вон, а често се и спротивни на одредбите на Договорт за добросoседство.

Неодамна имал телефонски разговор со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, при што тој ги презентирал нашите позиции, а таа нивните.

Меѓу соседите, потенцира, мора да се разговара. За решавањето на проблемите секогаш на некој начин предуслов е дијалогот. Наша задача како министри за надворешни работи е да работиме така за да ги вратиме на позитивен колосек билатералните односи.

-За нас прашањето на македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот и многу тешко ќе биде да се гради блискост и пријателство ако на таков тип на прашања имаме предизвик од соседот. Мислам дека тоа оди во друга различна насока. Во самиот Договор за  пријателство, соработка и добрососедство во преамбулата зборува за меѓусебна почит. Македонскиот јазик во тој билатерален  договор има апсолутна иста позиција и статус со бугарскиот јазик. И клаузулата за јазиците вели- овој договор е напишан на  македонски јазик согласно Уставот на тогашна Република Македонија  и на бугарски јазик согласно Уставот  на Република Бугарија. Таа формулација важи само за билатералните односи, наведе Димитров.

Големата разлика, дополни, на големата планина што ја имавме со Грција беше што таа планина имаше правна основа врз Резолуција на Советот за безбедност од 1993 година. Нашата лична карта во ООН во  Преспанскиот договор е затворено прашање и во меѓународното право државите признаваат или не признаваат јазици. Тоа е прашање на нашето самоизјаснување и самоопределување. Мислам дека ако успееме да се вратиме на позитивниот колосек ова прашање мора да се надмине. Тоа е крајно непродуктивно прашање. За нас апсолутно навредливо и мислам дека тој обид да се отвори прашање  што е затворено не може да успее во 2020 во Европа.Истовремено не е ниту на линија на европските вредности, рече Димитров.

Тој порача и дека ниту една држава нема правен основ на нас да ни кажува сега нешто во однос на нашето име и македонскиот јазик.

Говорејќи за потребата од одржување на парламентарни избори шефот на дипломатијата повтори дека ни треба Влада со полн политички мадат, како и Собрание.

-Важно е оваа ситуација да се расчисти и во смисла на суштинската агенда на државата сакаме втората поливина оваа  година да почнеме пристапни преговори со ЕУ, Комисијата најавува дека ќе излезе со  преговарачка рамка, на нас ни треба Влада со полн политички мандат, да решава проблеми, да креира политики, ни треба да имаме Собрание. Мојот ресор поради девет одложувања на Комисјата  за надворешна политика не испративме девет амбасадори кои  ги завршија подготовките и со тоа се праќаат погрешни сигнали кон земјата каде  тие луѓе треба да ја претставуваат татковината, укажа Димитров.

Нашето демократско досие во Брисел, потенцираше, е далеку над тоа дали сме способони да имаме демократски избори и не смееме да си дозволиме создавање такви сомнежи во ваква ситуација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.