Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димковски: Нормализиран откупот на млеко во Дебар, се бараат пазари за македонското јагне

0
By Нова ТВ on March 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 20, 2020 13:50

Откупот на млеко во Дебар е нормализиран, во тек е пролетната сеидба на пченка и сончоглед за што земјоделските аптеки ќе останат отворени, а за македонското јагне се бараат алтернативни пазари. Ова се пораките што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Трајан Димковски ги испрати од денешната прес-конференција во Владата како одговор на новонастанатата ситуација со коронавирусот.

„Дневно се собираат и откупуваат по околу 1.800 литри млеко во Дебар и дебарско. Количините ги земаат камиони од млекарницата Трница“, рече Димковски во врска со состојбата со откуп на млеко во општините Дебар и Центар Жупа.

Првиот човек на МЗШВ истакна дека има доволно пченица во стоковите резерви и во млиновите, потсети дека границите за проток на стоки и трговија не се затворени и нагласи дека нема потреба од паника, бидејќи пазарот се снабдува во континуитет. Според него, доколку се процени за потребно, можно е да се воведат и интервентни мерки.

Димковски, меѓудругото, истакна дека интензивно се бараат алтернативни пазари за македонското јагне, со оглед дека шпицот е за десетина дена, а едни од извозните дестинации би можеле да бидат Ирак и Јордан.

„Покрај традиционалните пазари како Италија, Хрватска и Грција, алтернативни пазари се Ирак и Јордан, со кои нашите трговци се обидуваат да воспостават врски кои и досега ги имале за да може и таму да се извезува. Наша намера е јагнето да биде извезено. Извозот во Италија во моментот се одвива забавено, поради проблемот што го имавме со транспортот. Ја следиме состојбата и, секако, доколку има потреба, со соодветни мерки ќе помогне на сточарите да ги покријат загубите што ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне“, посочи Димковски.

Тој соопшти дека пролетната сеидба на пченка и сончоглед е во тек. Земјоделските аптеки, напомена, нема да бидат затворени за да можат земјоделците редовно да се снабдуваат со заштитни средства.

„Сеидбата треба да продолжи непречено, но и во овој дел треба да се почитуваат препораките на Владата за заштита од коронавирусот. Набавката на сточна храна, со регулирање на протоколите за транспорт, ќе се одвива непречено. Истото важи и за набавка на репроматеријали односно заштитни средства, ѓубрива, семе, саден материјал и друго“, посочи Димковски со цел, како што дополни, земјоделците да можат тековно да набавуваат сé што им е потребно за непречено извршување на редовните активности.

Земјоделски аптеки извор Јагне Млеко Трајан Димковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.