Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димова: Со еврообврзницата, власта намерно бега од ИПА фондовите

0
By Нова ТВ on July 8, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешниот нов обид на власта на Никола Груевски да ги задолжи граѓаните со неверојатни 650.000.000 евра преку издавање на еврообврзницата е доказ дека оваа криминално корупциска власт намерно бега од ИПА фондовите и од достапните европски пари за да можат да се задолжуваат со пари што можат да ги трошат без контрола, изјави Лидија Димова, пратеничка од СДСМ.

На прес конференцијата таа истакна дека парите од ИПА фондови е тешко да се користат без контрола на европските институции, а тоа што Европската комисија одлучи да скрати 96.1 милион евра од ИПА средствата за Македонија е јасен сигнал дека европските институции покажуваат недоверба кон намерите на оваа власт којашто работи спротивно на интересите на граѓаните.

– Исто така, очигледно дека Европската комисија покажува недоверба во капацитетите на институциите што ги раководи оваа власт за успешно и транспарентно користење на парите од ИПА фондовите во проекти од интерес за граѓаните. Каде се седумте секторски стратегии и соодветните Патокази со индикатори за мерење на успехот што ги бара Европската комисија?! Не се направени.

Дали власта обезбеди доволно буџетски средства за функционирање на оперативната структура за спроведување на проектите, по наодите на извештаите на главниот ИПА – ревизор? Не. Зошто не се предвидени повеќегодишни секторски буџети што ќе бидат тесно поврзани со националниот буџет?

Зошто не се формирани бараните секторски работни групи во коишто, покрај претставници на институциите, треба да членуваат и другите засегнати чинители во општеството?

Зошто нема формалнa рамка за консултација и координација со засегнатите страни, меѓу кои и граѓанското општество? Не постои Секторска Оценска Рамка којашто треба да овозможи рано и правилно интервенирање во спроведувањето на потребните секторски реформи за користење на фондовите, рече Димова.

Според неа, 10-годишната власт на Никола Груевски не создаде институционален капацитет за користење на ИПА средствата од Европската Унија.

– Искористеноста на парите од ИПА фондовите во измината деценија е само околу 150 милиони евра. Ако власта на Груевски имаше намера да обезбеди подобар живот за граѓаните на Македонија ќе направеше се што е потребно да ги употреби парите од ИПА фондовите во борбата против корупцијата, добро владеење со јавните финансии, изградба на инфраструктурни проекти, изградба на социјална инфраструктура, подобрување на образованието итн. Груевски и соработниците, наместо да ги користат неповратните средства преку ИПА програмите или ефтините кредити од ММФ, Владата прави последни напори да се осигура дека до крај никој да не им пречи во полнењето на приватните џебови, издавајки ја еврообврзницата по екстремно висока цена што ќе треба допрва да ја плаќаат сите како граѓани на Македонија, изјави Димова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.