Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: Да се дополнат нацрт-амандманите со кои ќе се одреди и нивниот рок на примена

0
By Нова ТВ on November 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 7, 2018 17:21

На дебатата на Комисијата за уставни прашања за нацрт-амандманите на Уставот, пратениците од опозизиската  ВМРО-ДПМНЕ  упатија забелешка дека овој пакет Уставни измени се носи без консензус. Пратеникот и поранешен претседател на Собранието на РМ Трајко Велјановски рече дека уставот досега претрпел 32 амандмански измени и за разлика од овие измени, сите претходни биле донесени со консензус меѓу власта и опозицијата.

Велјаноски истакна дека со измените се предвидува менување на името дури 52 пати и дека тоа е правно и технички неприфатливо.

– Ако треба да се менува името во Уставот на педесет места направете го тоа како што треба со 50 амандмани, рече Велјаноски.

Според него, во оваа втора фаза од менување на Уставот, пратениците може само да поднесат предлози и мислења, а третата фаза кога ќе може да се поднесуваат амандмани ќе биде најтешка.

Во врска со заштитата на идентитетот, праша како е тоа можно да се заштити идентитетот кога ќе не викаат Северно Македонци.

Премиерот Зоран Заев му одговори дека не е државотворно ниту одговорно да се тврди дека ќе бидеме северномакедонци. Со договорот е потврдено дека остануваме Македонци. Правото на самоопределување ни е потврдено од светот.

Во однос на нормативниот дел, Заев рече дека сите кои ги консултирале рекле дека може да се оди со промена на секој од членовите во Уставот, но може и на овој начин да се реши. Додаде дека со евентуалната промена на член по член само би ја пролонгирала процедурата.

– Кога стапуваат на сила уставните промени е наша одлука. Тоа е и нормативно, исправно и е на барање на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ што гарантира инклузивност на процесот, рече Заев.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето обраќање рече дека тој нема да ги поддржи промените ниту во оваа, ниту во третата фаза, бидејќи како што рече, ова Собрание нема легитимитет да го менува Уставот. Излезе со предлози како да се подобри текстот на нацрт амандманите.

Коментирајќи го нацрт-амандманот 33, Димовски рече дека барем уште на две места во преамбулата треба да не се оди со додава Северна на името Македонија. Предложи и дополнување на нацрт-амандманите со кои ќе се одреди и нивниот рок на траење.

-Ако сами велите дека може да има рок кога ќе почне да се применува целиот овој пакет на уставни измени дајте да ставиме и рок до кога ќе се применува и колку тоа во овој момент да ви изгледа смешно, фанатично и романтично, но ќе биде нишка кога некоја друга генерација ќе успее да направи малце подобар момент  отколку  ние сите заедно што сме успеале, рече Димовски посочувајќи ги како пример важноста на одлуките од АСНОМ кои важат повеќе од 70 години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.