Радмила Шеќеринска пријавила во својот анкетен лист дека издава еден стан за годишна кирија од 3 911 641 денари. Преведено во евра тоа значи дека од издавање на само еден стан Радмила Шеќеринска годишно остварува приход од 63 811 евра или 5.317 евра месечно, објави денеска Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Јавноста бара прецизен одговор. Каков е тој стан кој во Скопје кој може да се издаде за 5.317 евра месечно?
Димовски потсети дека на ова прашање и вчера не добивле одговор ниту од Радмила Шеќеринска, ниту од СДСМ.
Ако пак нема одговор и ако нема документи кои може да ги приложи во врска со оваа мега афера во зародиш, тогаш ние од ВМРО-ДПМНЕ до неа имаме повеќе прашања, рече Димовски.
– Прво, дали оваа цена е пазарна, знаејќи дека и најлускузните и најскапите станови во Скопје може да се изнајмат за не повеќе од 700 до 800 евра месечно. Кој е тој кој уплаќа во домашните приходи на Радмила Шеќеринска по 5 317 евра месечно? Дали имаат договор и на која сума плаќаат данок?
– Второ, дали можеби вака напумпан и нереален приход од 5 317 евра за издавање на само еден стан е основ за сомнеж дека станува збор за сосема друг тип на приходи кои на овој начин се претставуваат за легални или пак можеби станува збор за веќе постојни пари кои Шеќеринска на овој начин ги легализира и постапно ги пријавува за приход на своето семејство?
– Трето, колку вкупно средства има инкасирано семејството на Радмила Шеќеринска по овој основ? Дали го издавале станот една, две, три или повеќе години?
Знаејќи го фактот дека Радмила Шеќеринска во својот анкетен лист пријавила еден стан од 178 метри квадратни и уште неколку помали станови, но и знаејќи го фактот дека таа живее во овој најголемиот од цели 178 метри квадратни, ја прашуваме за кој од овие остамати станови таа наплаќа 5.317 евра месечно?, праша Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.




