По повеќе од три часа преговарање во Владата на Северна Македонија, не се постигна договор за минимална плата. Првиот човек на ССМ, Дарко Димовски револтиран од односот на работодавачите, тие не прифатиле работниците да добијат зголемен минималец, додека за Владата рече дека ги поддржала заложбите на синдикалците.
-Работодавачите во „5 до 12“ излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение – изјави Димовски.
За впеток закажана е нова средба и нова рунда преговори, а доколку работниците не го добијат минималецот од 18.000 денари, најавуваат штрајк.