Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: Предлозите на Ванхауте за медиумите ги нема во ниту една земја

0
By Влатко Чаловски on February 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 1, 2016 18:48


Што се однесува до медиумите, како едно од најважните прашања кое и понатаму е отворено при имплементацијата на Договорот од Пржино, Илија Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ја покани СДСМ да посочи еден закон за медиуми кој се практикува во земјите од Европската унија, и неговата партија ќе го прифати и изгласа.

Одговарајќи на новинарско прашање со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ постојано се повикува на европска пракса, зошто предлозите на белгискиот медијатор Питер Ванхауте во поглед на медиумите, се неприфатливи, Димовски одговори дека такви немало никаде во Европа.

Потенцирајќи од страна на новинарите, дека Ванхауте сепак ја претставува Европската унија во посредништвото меѓу работните групи на четирите партии, а неговите предлози посочуваат и на владиното рекламирање, Димовски најпрво кратко посочи дека Белгиецот бил по професија социолог.

– Оној предлог закон кој што ние го подготвивме, а е во насока на регулација на тоа како ќе се делат средствата за владино информирање, е работен врз база на австриски закон. Тоа постои во Австрија. Тоа постои и во Германија, одговори меѓу другото тој.

Во однос на владиното рекламирање во медиумите, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, вели комерцијалните медиуми се приватни фирми а концептот кој го предлага најголемата партија на власт е растеретен од било каква политичка волја или одлука, напротив ќе бил поддршка посебно на локалните и регионални медиуми кои што за разлика од националните медиуми, се во многу тешка ситуација, а се од врвен интерес за да се запази информирањето на граѓаните на локално и регионално ниво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.