Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски за ДИК: За СДСМ не е прифатлив предлогот на ДУИ и ДПА за експерт

0
By Влатко Чаловски on December 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 11, 2015 15:29

За време на преговорите на работните групи задолжени за Договорот од Пржино, а кои се однесуваат на Државната изборна комисија, се пробувале разни методологии според кои било дојдено до потесен круг на кандидати-експерти, но СДСМ одбивал во последен момент, рече денеска на брифинг со новинарите, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, според неговите зборови, најверојатно процесот на избор на експерти во ДИК е при крај бидејќи останал спорен само уште еден експерт, кој треба да биде предложен од албанските партии ДУИ и ДПА.

– Издвоивме шест кандидати за двете места кои треба да бидат прифатливи за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. По долга анализа и расправа СДСМ предложи две имиња и ние веднаш ги прифативме, истакна Димовски, образложувајќи дека со тоа ги изненадиле СДСМ.

Потоа останало прашањето за кандидатот предложен од ДУИ и ДПА, а без никаква најава, потенцираше Димовски, СДСМ го отфрлил предлогот со образложение дека Албанецот-експерт бил “вмровец“.

– Тоа е очигледно намера на СДСМ да не се постигне договор за ДИК, тврди тој.

Пред новинарите тој рече дека на тоа реагирале двете албански партии кои предложиле потоа нов кандидат кој СДСМ повторно го одбил.

Димовски тврди дека СДСМ побарале огласот за последниот кандидат од експертите, предложен од ДУИ и ДПА да биде обновен по што следела реакција од работните групи на ДУИ и ДПА дека тоа е еден вид “сегрегација“.

– Ние принципиелно стоиме на тоа дека доколку албанските партии се согласат во нивниот избор и го поддржат и двете партии, ние ќе стоиме зад изборот, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека сепак доколку поради пробиените рокови, странските медијатори одлучат да настапат со нивни избор, ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го прифати.

– Ние сме благодарни на помошта од европските посредници но не е прифатливо Собранието со суверено право да се раководи по диктат, ја отфрли оваа можност Димовски.

Партиите за време на преговорите при изборот на кандидатите, користеле разни методологии, меѓу кои “негативна селекција“, односно оние кои дефинитивно нема да ја добијат поддршката и на “позитивна селекција“, односно оние кои би влегле во потесен круг.

За среќа, како што вели тој, варирале разни имиња и предлозите не се поклопувале.

Од друга страна, СДСМ на брифингот кој претходеше на оној на Илија Димовски, рекоа дека процесот на избор на експерти е закочен бидејќи ВМРО-ДПМНЕ барале избор кој не бил по европски стандарди и критериуми.

Според потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, се карикира целиот договор и тотално се партизира експертската група, со наметнувањето од ВМРО – ДПМНЕ, за избор на членови во ДИК како експерт да се предлага некој кој всушност бил набљудувач во избирачки одбор.

Според договорот, тројцата членови на експертската група е пропишано да се изберат со консезус, но со ваквото минирање на процесот на одлучување, вели Манчевски, СДСМ го става под прашање целиот процес на избори во ДИК, и со тоа се проблематизираат и самите избори на 24 април следната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.