Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димовски: Заев неразумно навредуваше во оваа кампања

0
By Нова ТВ on April 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 25, 2014 18:58

На крај од изборната кампања за претседателските и парламентарните избори дозволете ми да ја предочам разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Коалицијата за подобра Македонија од една страна и Социјалдемократскиот сојуз од друга страна, изјави Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

-ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток на оваа кампања до самиот крај водеше исклучиво позитивна кампања. Наша цел беше на граѓаните да им ја презентираме нашата програма составена од 2046 различни проекти. Нашата цел беше на граѓаните да им презентираме што ние имаме намера да работиме во следниот мандат.

ВМРО-ДПМНЕ беше фокусирана на многу различни сегменти во текот на овие предизборни недели. Нашиот фокус се привлекувањето на нови фабрики и отварањето на нови работни места. Нашиот фокус се различните мерки за помош на многу категории на граѓани. Помош за вработување на младите, помош за земјоделците, зголемување на платите, пензиите и социјалните давачки на државата спрема ранливите категории.

На овие избори наш фокус се изградбата на многу капитални инфрастуктурни проекти, на автопати, на магистрални, експресни, регионални и локални патишта, на пруги, не различни хидро системи и енергетски капацитети. Ние сме фокусирани на засилена подршка и инвестирање во образованието, во здравството, во културата, во спортот.

За жал, од другата страна не видовме никаква понуда, не видовме никаква реална програма. Не видовме што СДСМ би правела. Тие не понудија ништо за граѓаните.

Се што гледавме од нивна страна беше лични навреди, омраза и гнев. СДСМ на овие избори заборави на граѓаните. СДСМ се дрзна во неколку навреди и да ги навреди сите граѓани кои не гласаа за нив.

Дури и денес, на последниот ден од изборната кампања, нивниот лидер Зоран Заев се одлучи да биде полн со омраза кон своите политички конкуренти. Денес повторно од него видовме еден грст на неразумни навреди и омаловажувања, и не само за Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, туку и за сите носители на листи. Заев денес не зборуваше ниту за работа, ниту за проекти, ниту за програми, ниту за потребите на граѓаните. Заев денес зборуваше со сопствениот гнев и со својата омраза која се базира само и само на фактот дека тој самиот не може да се помири со тоа што граѓаните ниту му веруваат, ниту го поддржуваат.

СДСМ нека продолжи по оваа патека. Со оваа негативна кампања која ја спроведуваат граѓаните се повеќе и повеќе разбираат дека таа партија е без концепт, без правец, без идеи и без способност да се справат со значајни политички одговорности.

СДСМ ќе продолжи да тоне во својот затворен свет на гнев, омраза и очај.

Почитувани, на 27 април граѓаните ќе одлучуваат помеѓу две опции.

Едната е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Таа опција понуди реален и добро сработен концепт со конкретни проекти кои ќе им помогнат на сите граѓани на Република Македонија. Другата опција е опцијата на СДСМ која се што нуди е омраза, омаловажувања, навреди и очај.

Македонија ќе знае да ја направи разликата. Македонија ќе даде поддршка на оние што работата и градат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.