Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димшоски за БГНЕС: Спасот е во преодна Влада

0
By Нова ТВ on April 19, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 19, 2015 09:41

Членот на Амстердамската тројка, неформалната група за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Перо Димшоски денеска за бугарската новинска агенција БГНЕС изјави дека тие ќе
продолжат да се борат додека не ја вратат слободата и демократијата во Македонија.

Димшоски вели дека тука нема да се застане и оти само со преодна Влада ќе се создадат услови за излез од политичката криза.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ни одговори преку медиумите дека тој добил најмногу гласови во историјата на партијата и дека можеме да му се спротиставиме на избори. Сметаме дека тој треба да се повлече достоинствено, и покрај изборните резултати, кои, патем, не беа признати од ниту една опозициска партија. Исто така во моментов нема услови за какви и да било избори во Македонија. Никола Димитров детално објасни како се користат државните институции и нивните капацитети во корист на владејачката партија во минатите изборни циклуси, вели Димшоски за БГНЕС.

Тој вели дека голем проблем во Македонија се медиумите, бидејќи најголемиот дел од нив се контролирани од власта.

– Во Македонија имаме ограничено присуство поради контролата над медиумите, со кој располага власта и поради тоа сме принудени да контактираат со Македонија преку светските и регионалните медиуми. Тоа е тешка и макотрпна работа, но дава одлични резултати. Сѐ повеќе успеваме да влијаеме врз светската демократска заедница и да ја привлечеме на наша страна. Овие активности ќе продолжат додека во Македонија не бидат обновени демократијата, слободата и човековите права, порачува Димшоски.

Поранешниот функционер во Владата на Груевски вели дека во Македонија Амстердамската тројка има поддршка од страна на младите и образовани луѓе кои користат модерни средства за комуникација.

– Долгорочно нашата активност и напори ќе бидат насочени кон брзо надминување на споровите што ги имаме со Грција, подигање на нивото на соработка и пријателство во односите со Бугарија, со која сѐ уште немаме задоволителни економски врски и прифаќање на нашата земја во НАТО и ЕУ, каде нашето внимание ќе биде повторно зајакната соработка со соседите, додека не го претвориме овој дел од Балканот во движечка економска сила на Европа, и наместо да имаме одлив на работна сила, како што е сега, да имаме наплив на работна сила. Ова ќе оствариме преку надминување на историските и други предрасуди и преориентација на регионот кон перспективите што ги носи глобалната економија, изјавил Димшоски за бугарската новинска агенција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.