Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дипломатска хаварија на ДПМНЕ: Радев – Сиљановска 2:0

0
By Marija Todorovska on September 16, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 16, 2024 13:28

Можеби нај пластичното објаснување на средбата доаѓа од поранешниот амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Ѓорѓи Спасов, кој посетата ја дефинира како импровизација во меѓународните односи. „Бидејќи се покани со намера да покаже дека работи „културна дипломатија“, односно дека прави нешто во однос на добрососедските односи, беше пречекана како приватно лице кое дошло на кафе во кабинетот на Радев, па домаќините со право процениле дека не треба да се однесуваат кон неа како државник од друга земја и да го засадуваат знамето на таа земја“, напиша Спасов на Фејсбук.

Драган Мишев

Претседателката на нашата земја, Гордана Сиљановска Давкова, иако конечно ја напиушти вилата во Охрид каде го помина целиот „летен распуст“, во мислите се уште е на охридското крајбрежје, каде во дебела ладовина, заедно со својот верен придружник, советниокот Горан Момировски, ги ситнеше претседателските денови далеку од скопската жега.

А можеби ќе беше многу подобро да останеше таму. Секое излегуваење на претседателката, било официјално, полу официјално, или неофицијално, а последново секако нејасно, откако бугарскиот медиум Новините пренесе дека била „организирана приватна средба со Радев, заедно со заедничка посета на операта“, бугарското претседателство се огради од посетата, а а самиот претседател Радев на Фејсбук појасни дека никогаш не ги откажува средбите со странските претседатели кои доаѓаат во посета, сугерирајќи како Сиљановска самата да се поканила.

Можеби нај пластичното објаснување на средбата доаѓа од поранешниот амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Ѓорѓи Спасов, кој посетата ја дефинира како импровизација во меѓународните односи.

„Бидејќи се покани со намера да покаже дека работи „културна дипломатија“, односно дека прави нешто во однос на добрососедските односи, беше пречекана како приватно лице кое дошло на кафе во кабинетот на Радев, па домаќините со право процениле дека не треба да се однесуваат кон неа како државник од друга земја и да го засадуваат знамето на таа земја“, напиша Спасов на Фејсбук.

Како и да се земе, ова претставува невидено понижување на достоинството на македонската држава и нејзините граѓани, особено на оние кои се почувствуваа горди да ја гласаат „Гордана за горда Македонија“. За каква гордост зборуваме тука, ви се молам, кога претседателката на нашата држава оди во посета кај својот колега во друга држава без истакнато знаме ( а богами ни име) како основни обележја на својата. И токму тоа, за прв пат во македонската историја го стори „најпатриотската претседателка“ ( со цела паттриотска свита) кај источниот сосед со кој, кога се задскриени зад тастатура, преку социјалните мрежи со невидена храброст жестоко спорат, а на терен предат како мачиња.

И безпредметни се сега пост фестум обидите од нејзиниот кабинет да го дезавуираат скандалот со  дилетантски соопшенија, а особено небулозното соопштение од ВМРО ДПМНЕ, кое доколку го читате, ќе добиете впечаток дака се уште во опозиција, а не на власт.

Да биде скандалот уште поголем, на средбата присуствуваше и голема патриотска свита околу претседателка, во која покрај неизбежниот советник Момировски, беа и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, како  и министерот за култура Зоран Љутков.

Токму овој вториов удри „културолошки“ печат на скандалозната посета, откако од средбата со неговиот бугарски колега, за која тој изрази особено задоволство, беа објавени фотографии на кои може да се забележи дека и тој бил пречекан без македонското знаме, и на нив, во позадината на двајцата министри, се гледа дека повторно е изоставено македонското знаме, а ги има само бугарското и она на ЕУ.

Не се сомневаме дека Љутков чувствувал особено задоволство од средбата, без разлика што беше претставен како министер на држава без знаме, сепак преовладало, според неговите зборови „позитивното искуство“ од соработата со бугарската страна, кое тој несомненео го има , имајќи предвид дека поседува и стан во Бугарија, па може дури и да се чувствувал како дома, и затоа не забележал дека го нема знамето на држават чиј министер е.

Радев : Силјановска Давкова 2:0

За жал, ова не е прв „излет во празно“ на претседателката, во кој како „контерпарт“ се појавува бугарскиот претседател Румен Радев. При контроверзноте кирилмедотиевското чествување во Светата столица во Рим, Сиљановска, како континуитет на неизговорањето на уставното име на државата при нејзината заклетва како новоизбрана претседателка, предизвика уште еден скандал со положувањето венец пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, со лента на која наместо името на државата, стоеше само „претседателка Гордана Сиљановска Давкова, небаре дошла во приватна посета, ама на државен трошок. Претседателката потоа  понуди крајно иритирачко образложение дека за името на државата немало доволно место бидејќи била кратка лентата.

Истовремено, за разлика од нејзиниот „горд и патриотски чин“ на лентата на венецот ѓто го положи бугарскиот претседател Румен радев , која беше во боите на бугарското знаме беше испишано „Претседател на Република Бугарија Румен Радев.

И додека дома, пред симпатизерите, членовите и гласачите, ВМРО ДПМНЕ  на сите дека не прифаќаат прговори и договори под „ бугарски диктат“, реалноста е сосема поинаква и сурова спрема очекувањата кои ги наметна новата влада во предизборието, и сосема спротивно на нив, токму под „бугарски диктат“се одвива игранката која ја започна сегашниов премиер, а тогашен опозиционер Христијан Мицкоски кога како попче му реферираше на Бојко Борисов на чист бугарски јазик „ште подкрепим“ потпишаниот договор со Бугарија, откако овој од пред рака му ја зема чашата со вода.

И еве, премиерот, претседателката и ВМРО-ДПМНЕ сê уште „подкрепват“ лажните ветување пеејќи си ја „Заветна“.

Текстот е во сопственост на Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.