Министерот за надворешни работи на БиХ, Златко Лагумџија предизвика вистински дипломатски скандал на дебатата на 68. то заседаниа на Генералното собрание на ОН, бидејќи во салата влезе во моментот кога американскиот претседател, Барак Обама, веќе држеше говор, а не на отварањето.
Лагумџија поради доцнењето, ги пропуштил говорите на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, како и обраќањето на претседателот на Генералното собрание на ОН, Џон Еш, потврдија учесниците на мисијата на БиХ при ОН.
-Додека зборуваше Обама сите седеа на своите места и слушаа. Лагумџија влезе среде говорот, што е недозволиво. Тоа е дипломатски скандал, изјавуваат членовите на мисијата на БиХ при ОН, како што пренесуваат босанските медиуми.
Лагумџија продолжи со скандалот и подоцна, бидејќи не се појави на заседанието, додека држеше говор претседателот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.
Познато е дека Комшиќ го напушти Лагумџијин во СДП токму поради неговите самоволни чекори и одлуки во партијата.
-Тој и претходно имаше неколку дипломатски скандали, но ова е навистина срам за БиХ. Неприфатливо е такво однесување на шефот на дипломатијата на која било држава-изјави за „Новости“, пратеникот на СНСД во парламентот на БиХ, Славко Јовичиќ.