Украинската амбасадорка Лариса Дир денеска на платформата Икс, на 846 ден од руската агресија во Украина објави меѓу другото дека вчера имало 119 борбени судири со окупационите трупи на рф, кои употребиле две ракети, 39 наведувани воздушни бомби, 100 дронови и извршени се 2600 напади врз Украина.
Таа вели и дека не смее да има паузи во зајакнување на противвоздушната одбрана и обезбедување оружје за заштита на животите на Украинците и Украина.