Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Шефот на државата, како што е најавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе се обрати во 12 часот.
Вообичаено, претседателот ќе говори за актуелните случувања во изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој ќе се обрати пред пратениците во момент на формирање на нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето.