Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорите на училиштата задоволни од предложената реформа во образованието

0
By Нова ТВ on January 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група со денешниот состанок на којшто присуствуваа преставници на директорите на основните училишта од секоја општина го продолжуваат широкиот консултативен процес во врска со реформите во основно образование. Консултациите за концепцијата продолжуваат до крајот на наделата. Утре е закажан состанок со наставниците, а задутре со членови на МАНУ.

Министерката и заменик министерот за образование и наука, Мила Царовска и Арафат Шабани по средбата изјавија дека заклучокот од состанокот е дека концепцијата има широка поддршка од директорите, но дека како од секоја новина така и оваа постои само страв од непознатото којшто треба да се совлада.

„Директорите на училиштата кои исто како и наставниците се наш многу важен партнер во имплементацијата на целиот овој процес. Од состанокот заклучивме дека постои само страв од непознатото којшто треба да се совлада и интензивна обука на наставниците за да може да се прилагодат на новата концепција. Наша цел е темелно да ја подготвиме реформата која за првпат се фокусирана најважното, а тоа е знаењето на децата. Тоа значи дека сите заеднички ќе вложиме максимални напори за да го подготвиме системот за имплментација и да ги подготвиме наставниците. Ова е предуслов за воведување на реформата и сигурни сме во следниот период имаме време да се подготвиме добро. Реформата е започната навреме и со години трае овој процес кој сега мора да финишира, бидејќи секој ден доцнење е на штета на идните генерации“, рече Царовска.

Директорите на основните училишта на средбата дадоа поддршка на реформата и посочија дека се подготвени целосно да се посветат на нејзината имплементација во 1 и 4 одделение од идната учебна година.

„ Даваме максимална поддршка на спроведувањето на реформите и активно и посветено ќе се вклучиме во нивната имплементација. Силно верувам дека успешното спроведување на оваа концепција значи и успешни идни генерации“, рече Миле Младеновиќ директор од ОУ „Димитар Влахов“ во Штип.

Катерина Арсовска, директорка на ОУ „Ј.Х. Песталоци“ од Центар рече дека како директори добро ги познаваат проблемите во образовниот систем и реформата е фокусирана директно на решавање на овие проблеми.

„ Оваа концепција е одговор на долгогодишните барања на наставниците да имаат поголема автономија во држењето на наставата, но и на учениците и родителите и затоа е неминовно да се имплементира“, рече Драгица Спасова директорка на ОУ „Сандо Масев“ од Струмица.

Директорот Шанија Ајроски од ОУ „Ристо Ристески“, Долно Косоврасти,  дебарско, истакна дека со реформите за прв пат МОН, Бирото за развој на образование и експертите нудат концепција којашто е во најдобар интерес на учениците. Претходно се правеа реформи, но не беа целосни и опфаќаа само сегменти од образованието“, рече Ајроски.

Марија Трајковска директорка на ООУ Таде Хаџи-Тефов од Кавадарци истакна дека ќе се вложат максимално за да ги имплементираат реформите, бидејќи со новата концепција добиваат и наставниците и учениците.

Реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите, учениците и родителите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.