Во тек е операцијата на коленото на Ваљон Беља кој попладнево беше застрелан во Чаир.
Економскиот директор на Клиниката за гинеколгогија попладнево беше застрелан во потколеницата, потврдија од МВР.
Тој е член на ДУИ и на функцијата беше назначен пред неколку месеци.
-Денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул.„Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница. Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот, беше соопштено од МВР.