Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на „Дрисла“, Ангелов под истрага во Бугарија за увоз на опасен отпад

0
By Нова ТВ on January 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Софиска фирма на двајца Македонци, Блаже Игнатовски, кој се води како управител и Горан Ангелов, кој е содружник во фирмата и директор на депонијата „Дрисла“, се најде под истрага на бугарските власти поради увоз на сомнителен отпад од Италија.

Станува збор за компанијата „Блацион“ регистрирана во Бугарија, во која содружници се и двајца италијански државјани. Испраќачот е фирмата „Дентиче Пантелоне” од италијанскиот град Авелино, пишуваат бугарските медиуми.

Отпадот во 25 контејнери пристигнал во пристаништето Варна на 9 октомври. Според законот,  фирмата увозник во рок од 90 дена требала да ја насочи пратката за царинење и достава или за реекспорт, но кога тоа не се случило реагирала Царината. При прегледот на контејнерите утврдено е дека содржината на отпадот не е соодветна со документите од декларациите.

Во истрагата се вклучени обвинителството, царината и екоинспекцијата во Варна. Според бугарските медиуми, засега нема приведени лица, но се бара соработка од македонските и италијански власти за разрешување на случајот.

Во меѓувреме истрага се води и против бугарскиот министер за животна средина, Нено Димов. Тој беше во притвор поради увоз на отпад и рестрикција на вода во градот Перник. Европските медиуми пренесуваат дека во тек е операција и на италијанската полиција против сицилијанската мафија која наведуваат дека прави милионски бизнис со сторнирање на токсичниот отпад во  Бугарија.

Ангелов во 2010 година беше назначен од концесионерот „ФЦЛ Амбиенте“ за извршен директор на депонијата и сè уште е актуелен раководител. Тој беше е едено од пријавени на огласот на ВМРО-ДПМНЕ во изборот за кандидат за претседателските избори кои се одржаа пролетва.

Веднаш по соопштувањето следуваа реакции на социјалните мрежи, бидејќи станува збор за извршен директор на депонијата „Дрисла“, едно од најнепопуларните институции за скопјани од која што со години се жалат и во неа препознаваат еден од изворите на аерозагадувањето во главниот град.

„Мојата кандидатура за претседател е поттикната од божја промисла и моја интуиција, дека јас сум тој, што во овој битен момент може да и помогне на Македонија“, изјави, меѓудругото, тогаш Ангелов.

Неговото учсетво во политиката датира од 1993 година, како член на ВМРО ДПМНЕ. Девет години беше градоначалник на Општина Виница (од 1996 до 2005 година), а функцијата претседател на ЗЕЛС ја извршуваше од 2000 до 2005 година.

„Дрисла“ и натаму е во сопственост на италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“. Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов, летово донесе одлука таа да се врати во сопственост на Градот. Сепак, Централниот регистар не сакаше да ја впише „Дрисла“ во сопственост на Градот, бидејќи законот не предвидувал приватно друштво да се преобрази во јавно претпријатие.

Потоа, по иницијатива на пратениците на СДСМ, следеа измени на Законот за јавни претпријатија во Собранието со кои се овозможува трансформација од приватно во јавно претпријатие. Тие беа усвоени на крајот од минатата година. Сега само се чека впишувањето од Централниот регистар за и официјално депонијата да биде во владение на Градот.

Ангелов вчера изјави дека не е вистина она што се наведува во бугарските медиуми и негираше дека како директор на „Дрисла“ соработува со бугарската компанија каде е дел од сопственичката структура.

Управителот на „Блацион“ ООД, Блаже Игнатовски, пак, изјави дека отпадот од пристаништето во Бургас требало да биде пренесен во Термоцентралата „Бобов Дол“, но откако пристигнал отпадот, на бугарската ТЕЦ и истекла лиценцата за горење на отпад. Според Игнатовски, станувало збор за пластика и гуми и оти тоа што е пронајдено – текстил, дрво, стакло, како што посочиле од бугарското Обвинителство, е дозволено, а тоа ќе го докажеле и експертите откако ќе го испитаат отпадот.

Ангелов Бугарија Дрисла отпад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.