Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дискриминацијата по основ на сексуална ориентација влегува во законот

0
By Нова ТВ on October 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проширување на основите за дискриминација, меѓудругото и сo дискриминација по основ на сексуална ориентација, унапредување на работата на Комисијата за заштита од дискриминација, со цел поефикасно решавање на претставките, дефинирање на нејзините надлежности и кога тие се префрлаат на суд, има меѓудругото за цел новиот Предлог закон за заштита од дискриминација кој во драфт верзија беше презентиран денеска на јавна дебата.

– Досега најмногу реакции имаше во делот на потребата од проширување на основите, товарот на докажување, што прави комисијата, што судот, во дефиницијата на дискриминација, што се подобрува со овој закон. Со него се поедноставуваат и појаснуваат термини за полесно препознавање на дискриминацијата, бидејќи имаше проблеми во тој дел, истакна Маргарита Цаца Николовска, експерт и поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур.

Со ставот се согласува Антонио Михајлов од НВО „Субверзивен фронт“, кој посочи дека со овој закон се надминуваат некои недостатоци од постојниот.

– Во однос на заштита на ЛГБТ, особено во делот на еднаков третман и недискриминација, има зголемен број пријавени случаи, но и пријави дека тие не се решаваат. Постои и пораст на бројот на луѓе кои во однос на пријавување ги бираат основите на сексуална ориентација и родов идентитет како основи за дискриминација, согласно протоколот на Комисијата донесен во 2015 година. Новата власт испраќа повеќе позитивни сигнали за заштита на овие луѓе од дискриминација, а еден од чекорите се измените на овој закон, рече тој.

Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика, покрај тоа што смета дека со измените ќе се надминат недореченостите, е убедена дека за заштита од дискриминација е потребна и целосна имплементација, но, како што рече, и зголемена јавната свест.

– Целосната имплементација на законите не значи и директна промена на нечии ставови кои се базирани на стереотипи и предрасуди. Затоа треба да се погрижиме сите како заедница, со давање личен пример во семејствата и пошироко опкружување и преку соодветен третман на дискриминацијата од страна на медиумите, како и преку образовниот систем, рече таа.

Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија Џеф Голдстајн смета дека треба да се подобри професионализацијата на Комисијата, со стручна служба, да се работи меѓунационална соработка, но и на изработка на национална база на податоци во оваа област.

драфт Закон за заштита од дискриминација јавна дебата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.