НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дискриминираните демотивирани да поведат судска постапка

0
By Нова ТВ on May 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судската заштита сè уште не е ефикасен механизам за заштита од дискриминација, бидејќи постапките за овие предмети траат долго, па голем дел од жртвите на дискриминација се демотивирани да поведат судска постапка. Ова е посочено во Извештајот за обезбедена правна помош на социјално ранливите и маргинализирани групи на лица во рамки на проектот „Поддршка од граѓанско општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ спроведен од  Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска на денешната презентација на извештајот истакна дека ранливите и маргинализирани групи кои се најподложни на дискриминација, често се наоѓаат во социјален ризик и не можат да си ги дозволат судските и адвокатските трошоци на постапките за заштита од дискриминација, па имаат ограничен пристап до правдата кога се судските постапки во прашање.

„Најголеми жртви на дискриминација се Ромите, лицата со физичка и интелектуална попреченост, жените од малцинските етнички заедници, жените од руралните средини и луѓето од ЛГБТ, вели Пировска и додава дека се бележи тренд на зголемување на бројот на претставки, што значи дека е подигната свеста на ранливите групи за нивните права и за тоа каде може да се обратат за да ја добијат потребната заштита“, рече Пировска.

Македонскиот Хелсиншки комитетот од август 2016 до јануари 2018 година документирал 64 барања за бесплатна правна помош во случаи на дискриминација и прекршување на права на таргетираните ранливи групи. 57 од нив се однесуваат на барања за правна помош за заштита од дискриминација, а во седум од случаите граѓаните побарале заштита за прекршување на право.

Луѓето со посебни потреби трпат двојни штети

Координаторката на проектот Неда Чаловска Димовска посочи дека се евидентирани по еден до два случаи годишно на лица со попреченост кои се обратиле до Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

„За година и пол добивме повеќе од 20 претставки за дискриминација или прекршување на права кои се однесуваат на системски проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост. Главната пречка за тие да побараат помош или поддршка од институциите е физичката непристапност. Дел од нашите препораки се да се обезбеди физичка пристапност за да можат да ги уживаат сопствените права и да бараат заштита од органите“, изјави Чаловска Димовска.

Од осамостојувањето на Македонија, а по формирањето на Комисијата за заштита од дискриминација во 2010 година донесена е една пресуда во корист на дискриминарниот по основ на телесна или ментална попреченост.

Имено во 2015 година Основниот суд Делчево утврдил дискриминација по основа на ментална и телесна попреченост сторена со непреземање дејствија за прилагодување на инфраструктурата и просторот и обезбедување на пристап до добра и услуги на тужителот. При тоа, го задолжил тужениот – Општина Делчево да изгради тротоар и рабници согласно техничките стандарди за пристапност на тужителот како лице со посебни потреби. Судот го задолжил тужениот и да му надомести на тужителот нематеријална штета за претрпен страв и душевни болки.

Работните односи, рак рана на општеството

Во извештајот на Хелсиншкиот комитет е уште наведено наведено дека области во кои е забележано најмногу дискриминација се работните односи, образованието, здравствената заштита и пристапот до добра и услуги.

Дискриминацијата по основа на работничките права често се среќава и во случаи на дискриминација кога не само што на оштетениот му се скратени работничките права туку се дискриминирани и по основа на личен статус – бременост.

На почетокот на март 2016 година е донесена првата пресуда со која се утврдува дискриминација врз основа на бременост. Откако останала бремена, тужениот не и го продолжил договорот за работа на определено време и донел решение за престанок на работниот однос. Судот утврдил дека тужениот се однесувал на начин за кој било утврдено дека постои намера да се дискриминира тужителката поради бременоста.

Основниот суд Скопје 2  донел слична пресуда и во 2017 година.

Етничката припадност се’ поголема причина за дискриминација

Хелсиншкиот комитет повел пет постапки пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во кои како подносители се јавуваат луѓе со попреченост или, пак, луѓе од ромската етничка заедница, или нивните семејства. Сите постапки сè уште се во тек.

Етничката припадност како основа на дискриминација преточена во судски одлуки најмногу се огледа во кршењето на правото на слободно движење. Во таа смисла македонската судска пракса познава две правосилни пресуди во корист на оштетните – во 2014 година, кога граничните служби не дозволиле (во конкретниот случај) Роми да ја напуштат територијата на Република Македонија под неоправдано сомнение дека се работи за лажни баратели на азил и на крајот на мај 2017 година во кога на Роми во два наврати не им било дозволено да ја напуштат земјата иако не претставувале закана за јавната политика и меѓународните односи на Македонија со државите членки на Европската Унија.

Комисија за заштита од дискриминација во Годишниот извештај за работа за 2017 година констатира дека дискриминацијата според етничка припадност, како и дискриминацијата според политичка припадност се најраширените форми на дискриминација за минатата година. Според податоците на Комисијата, најчесто подносители на претставките се Невладините организации а мажите поднеле повеќе претставки од жените.

Најмногу претставки по основа на пол и политичка дискриминација

Во 2017 година до Комисијата за заштита од дискриминација се доставени 59 претставки за дискриминација. Најмногу од нив се поднесени поради дискриминација по основа на пол и род како и политичка дискриминација.

Токму родовата основа беше причина Младите либерал-демократи на крајот на 2017 година да го обвинат поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека во говорот на 16 партиски конгрес одржан на 23 декември 2017 година во Валандово, ги навредил сите студентки, но и жените.

Претседателката на Либерално-демократската младина Моника Зајкова, во изјава за НОВА вели дека се’ уште не добиле одговор од Комисијата за заштита од дискриминација.

„Претставката за дискриминација врз основа на пол ја поднесовме веднаш по изјавата на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Но и по законски утврдениот рок немаме никаков одговор од комисијата за заштита од дискриминација. Причината дали и зошто Комисијата не постапува не ја знаеме па затоа ќе поднесеме ургенција за да се забрза процесот за добивање на одговор“, вели Змејкова.

Груевски во својот говор тогаш, ја обвини власта и министерот за надворешни работи Никола Димитров дека „безобразно го нудат името на Грција“.

,,Сегашниот министер за надворешни работи, на прес-конференција со неговиот грчки колега кажа „Се надевам дека ќе ја препознаете новата можност“, што сликовито може да се илустрира со пример, кога студент во студентски дом влегува во собата на неговата колешка која е целосно соблечена и му вели „Се надевам дека ќе ја препознаете новата можност“, рече тогаш Груевски на конгресот во Валандово.

Груевски беше обвинет и за дискриминација по основ на пол и во 2012 година од страна на пратеничките од тогашната опозициска партија СДСМ. Тие тогаш  побраа, жените пратенички од Собранието да пратат протестно писмо до Груевски поради, како што сметаа тие неговиот дискриминаторски говор кон жените. Дел од јавноста пак ја повика Комисијата за заштита од дискриминација да реагира на соодветен начин.

Говорејќи за наталитетот во Македонија а по повод 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба, Груевски тогаш меѓу другото изјави дека во време кога земјата е во далеку подобра состојба од пред 60, 100 или повеќе години „Реткост е второ дете во семејствата, а камоли трето и четврто“ а наспроти тоа „Водиме дебати за искривени вредности, за еднополови бракови, за некакви права на жените, па на мажите кои од нив се позастапени во политиката или во бизнисот…“.

Прва пресуда по основ на политичка припадност во Македонија беше донесена на 23 март 2018 година, со која се утврдува дека Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство како тужено, сторило дискриминација по основ на политичка припадност во областа на работните односи, соопштија од Македонското здружение за млади правници (МЗМП).

И Народниот правобранител со полни раце работа

Што се однесува пак до Годишниот извештај за работата во 2017 година, Народниот правобранител забележал пораст на поднесените претставки по основ на вознемирување на работното место-мобинг.

Изминатата 2017 година за првпат биле поднесени три претставки кои се однесуваат на говорот на омраза. Во однос на овие претставки Народниот правобранител утврдил дека истите се однесуваат на ширење на говор на омраза кон маргинализираните групи, кои всушност се и најранлива категорија на граѓани како и говор на омраза во образованието пресликани во учебниците за основно образование.

Според податоците на Хелсиншкиот комитет, во 47 од документираните случаи граѓаните сметаат дека биле дискриминирани врз една, додека во осум случаи било констатирано дека станува збор за дискриминација врз повеќе основи, најчесто тоа се пол и род, пријавени се 14 случаи, пол, род и возраст, пол, род, верско убедување и други.

Тринаесет случаи се однесуваат на дискриминација врз основа на физичка и интелектуална попреченост. Има зголемен тренд и на пријавување на случаи на дискриминација врз основа на религија и верско убедување, чиј број изнесува девет.

 

Извештај за дискриминација 2018 комисија за дискриминација Народен правобранител Хелсиншки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.