Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дискусија за здравството: На Македонија и е потребен одржлив здравствен систем

0
By Нова ТВ on June 2, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 2, 2015 10:54

Сегашниот здравствен систем е заснован на популизам, а не на реформи, а Македонија има итна потреба од одржлив здравствен систем, е заклучокот од вчерашната дискусија во Кампот на слободата пред владата, каде учествуваа гинекологот Гоце Чакаровски, новинарката Менче Атанова Точи, лекарот Дејан Ставриќ, стоматологот Менде Диневски и поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Лазаревик.

Гинеколог Гоце Чакаровски напомена дека за секторот здравство, треба да размислуваат здрави луѓе, бидејќи како што рече, со денешниот здравствен систем, „Не дај боже да се разболиме“.

– Законот за здравствена заштита е толку пати менуван, толку е гломазен, толку е неразбирлив и со казнени одредби, што мислам дека и правниците не можат да го протолкуваат. Покрај сите тие работи, нашиот министер се зафати со многу реформи, па почна со плаќање по учинок, Мој Термин, камери, водичи…трошење на пари без некој видлив ефект. Потоа почна со еудукации во странство (чист туризам), и редица други работи – забележа Чакаровски, кој воедно беше модератор на дискусијата.

Од свој аспект пак, новинарката Менче Атансова Точи, која долги години истражува на тема здравство, зборуваше за денешната состојба во која се наоѓа еден од најважните сегменти во општеството.

– Многу турбуленции и реформи помина здравството за овие девет години, но најголемата катаклизма се случува токму во времето на сегашниот министер Никола Тодоров. Она што се случува во последните години е се’ само не реформи. Зарем реновирање на некоја одделение или болница може да се нарече реформи – рече таа.

Говорејќи за нејзиното лично искуство како новинарка, споредувајќи го сегашниот министер од редовите на ВМРО ДПМНЕ со сите претходни, Точи рече дека од Тодоров никогаш не добила лична изјава, а неговиот кабинет е недостапен. Таа потенцираше дека пациентите се сега сведени само на бројки, а лекарите незаинтересирани кои се оптоварени само со собирање поени.

Новинарката Менче Атанасова Точи зборуваше и за Македонија како земја-рекордер во која во 21 .век стапката на смрт на новороденчиња е се поголема.

– Минатата година стапката се зголеми на 9.9 на 1000 жители, а просекот во Европа е 6 починати на 1000 жители. И бебиња и родилки умираат од сепса, нема услови во болниците во внатрешноста – рече Точи.

Таа се осврна и на случајот со девојќето Тамара од Велес.

– Тамара почина излажана, а силно веруваше дека ќе и се овозможи лекување. И, замислете никој не одговараше за тоа – потенцираше новинарката, која го повика Тодоров да одговори пред јавноста, за што се трошат парите на народот кои се наменети
за реформи во здравството.

Ставриќ рече дека за проблемите во здравството може да се зборува со денови, а квалитетот во здравството не сместува со земјите од африканскиот континент.

– Кога ќе се погледнат цифрите, бројките, парите кои недостасуваат од секторот здравство, јасно ни е дека цела оваа дегенерација на здравствениот систем, не е воопшто наивна, туку се работи за кражба тешка стотици милиони евра, можеби и на годишно ниво. 25 милиони евра се потрошени на производство на реклами, пари кои можеа да бидат употребени за нови болници и реновирање на други – посочи Ставриќ.

Според него, со ваков здравствен систем, пациентот во Македонија нема право на избор на лекар, туку се упатува таму каде што системот го носи.

Во однос на проектот на власта за плаќањето по учинок, Ставриќ рече дека е проект кој создава квантитет а не квалитет, односно ги наградува партиски лојалните вработени во здравството.

Уште еден проблем кој за време на дискусијата го нотираше гинекологот Чакаровски е дека докторите се во поодминати години, и дека во наредните 5 до 10 години Македонија ќе се соочи со недостаток на доктори. Тој додаде дека за последните 10 години, битолската болница од 212 сега има 107 доктори.

Стоматологот Менде Диневски забележа дека од многуте реформи за кои се потрошиле милионски суми, денеска има само признаени порази. Станува збор за растурањето на поранешниот Клинички центар, и формирањето на околу 30 клиники, кои не го подобриле здравството.

Поранешниот заменик-министер за здравство, Владимир Лазаревик, зборуваше за популизмот и политизацијата која се користи за здравството да се прикаже како успешен сектор пред јавноста.

– Тој однос мора да се надмине во наредниот период. А тоа ќе се надмине само ако се надмине популизмот – рече Лазаревиќ.

– Додека ние не се откажеме од популистичките мерки во здравството, секоја гарнитура на министер, на директор на Фондот тешко ќе наоѓа решенија. Главната порака е како да успееме да се договориме што ни е поважно, дали пари за споменици или пари кои ќе се инвестираат да се спаси нечиј човечки живот – рече тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.