Дисциплинска постапка против двајца полицајци ќе се покрене поради нивната реакција при излегувањето од притвор на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК вчеравечер најави директорот на скопскиот затвор Филип Андов во изјава за Радио МОФ.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осуди односот на полицијата затоа што истуркале новинари и сниматели и ги попречиле во вршењето на нивната работа.
Tие посочија дека ќе повикаат на одговорност во МВР, како и од директорот на затворот.