Published: Wednesday, September 18, 2013 08:56
Министрите за надворешни работи и за одбрана на Република Македонија, Никола Попоски и Талат Џафери, денеска ќе го посетат седиштето на НАТО.
Попоски и Џафери ќе присуствуваат и на состанокот на Северно-атлантскиот совет (НАК).
Македонија не е членка на Алијансата, но е партнер во повеќе мисии ширум светот.
Министерството за надворешни работи информира дека на состанокот во Брисел и двајцата министри ќе имаат свое обраќање за прогресот на политичко – економските и воено – одбранбените реформи во земјата во рамки на 14 циклус на Акциониот план за членство во НАТО.




