Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Македонија мора да најде решение за спорот за името

0
By Нова ТВ on March 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 7, 2013 14:21

Ако сакаме да имаме каков било напредок во евро-атлантските интеграции, сепак, компромисот со нашиот сосед Република Грција е клучна тема. Не можеме да ја заобиколиме оваа тема и сите треба да вложиме напори да се најде решение затоа што сме блокирани и мора да се деблокираме, а тоа ќе се постигне со договор со нашиот сосед што се однесува на проблемот за името.

Оваа порака денеска од Брисел ја испрати заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, кој е во дводневна работна посета на европската престолнина.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Џафери претпладнево имаше средба со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, со кого разговараше за исполнувањето на обврските од Рамковниот договор, но и за ситуацијата во земјата по постигнувањето на договорот за смирување на политичката криза. Последните меѓуетнички инциденти во Скопје исто така беа тема на разговор меѓу Џафери и Ховит.

– Интересот на Европската унија за Македонија е голем поради локалните избори и договорот со опозицијата да учествува на нив. За жал, поради протестите од сите страни во главниот град, загриженост има како тие ќе се надминат и да се направат сите напори за да имаме фер избори на 24 март, оти преку тоа ќе се оценува нашата демократија. Јас го информирав Ховит какви се настаните и нормално изразивме надеж за интензивирање на соработката и комуникацијата меѓу Скопје и Брисел, како со Европскиот совет, така и со Европскиот парламент и Комисијата, со цел да не се дозволи нарушување на имиџот и на процесот на евроинтеграција, изјави Џафери за МИА по средбата со британскито европратеник.

Според вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, клучна тема на неговите разговори со високите претставници на ЕУ и НАТО што ги има во Брисел е дека по договорот за учество на опозицијата на изборите, има големи шанси политичкиот процес кај нас да добие на динамика и да се искористи максимално 2013 година како шанса, оти следната година има избори за Европарламентот и за Комисијата, па тогаш, според Џафери, во Европската унија не ќе имаат можност да се занимаваат повеќе со процесите во Македонија.

– Имплементацијата на Рамковниот договор е дел од целиот процес на евроинтеграцијата и кога нема услови и кога е тензично, ние се навраќаме кон столбовите и содржината на Охридскиот договор, преку што сакаме да ги надминеме проблемите или судирите, како што е помирувањето и амнестијата на сите страни оти за жал во последно време имаме и такви случувања. Во тој правец, ние гледаме дека има некакви недоразбирања последниве времиња поради изборите. Но, по нив ние треба да се концентрираме на тоа да имаме позитивен извештај од Европската комисија и евентуално да добиеме датум за почеток на пристапните преговори во јуни, потенцира македонскиот вицепремиер.

Во рамки на посетата, според изменетиот план на агендата, Муса Џафери попладнево во НАТО ќе се сретне со заменикот на помошникот генерален секретар на Алијансата, Џејми Шеј, додека за утре се закажани средби со заменик-генералниот секретар на НАТО, Александаер Вершбоу, со првиот човек за Директоратот за проширување на ЕУ, Стефано Санино, како и со генералниот секретар на Европската дипломатска служба (ЕЕАС), Пјер Вимонт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.