Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џејмс Хамилтон – европскиот олеснувач при преговорите за нов обвинител

0
By Влатко Чаловски on July 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 29, 2015 22:03

Првата недела во која работните групи ги комплетираат обврските завршува утре, кога претставниците на четирите најголеми политички партии, потписници на договорот од Пржино, ќе разговараат за т.н специјален обвинител.

Тој треба да биде избран на 15.септември, а договорот кој се води по препораките на извештајот на европските експерти на чело со Рајнхард Прибе, потенцира дека тој треба да ги расчисти сите сомнежи кои произлегоа од прислушуваните разговори кои ги обелодени лидерот на опозицијата, Зоран Заев и случајот „Пуч“.

Според договорот, специјалниот јавен обвинител ќе има целосна автономија во својата работа.

Според очекувањата, тој, освен што ќе бара вештачење на снимките за да се види кој прислушувал, треба да заклучи со каква опрема, преку кој мобилен оператор и кој го финансирал следењето на комуникациите, а потоа да лоцира кривична одговорност за наредбодавците и извршителите.

Утрешниот ден сепак ќе биде фокусиран на законските измени и точните ингеренции на специјалниот обвинител, а не лицитација со имиња.

Досега со работните групи, кои беа фокусирани на Избирачкиот список и гласањето на дијаспората, работеше медијаторот од Европската комисија, Питер Ванхауте.

На утрешните разговори пак, како посредник од Комисијата ќе учествува Џејмс Хамилтон, кој има доста богато CV во сферата на правото, а работел во речиси сите земји на Балканот, и пошироко.

Кој е Џејмс Хамилтон?

По неговото пензионирање како директор на Јавното обвинителство во 2011 година, Џејмс Хамилтон работел како независен консултант со своето преку 30-годишно искуство во сферата на владеење на правото, јавното право, системот на судство и обвинителство, уставно право, кривично право и анти-корупција.

Тој има долгогодишно искуство во сферата на јавните обвинителства и државните закони, како шеф на обвинителството во Ирска (12 години) и како правен советник (18 години) во Канцеларијата на јавниот обвинител вклучувајќи и повеќе од 4 години, како шеф на Канцеларијата.

Хамилтон има значително меѓународно искуство поддржувајќи ги мисиите на Венецијанската комисија, а пишувал и извештаи на теми кои ги вклучуваат и законите на обвинителствата во Србија, Бугарија, Унгарија, Русија и Украина.

Пишувал и извештаи за политичките партии во Молдавија, Русија и Азербејџан, како и Законот за амнестија и Законот за окупираните територии во Грузија.

Хамилтон пишувал извештаи и за Уставот на Црна Гора, потоа за законскиот статус на судиите во Киргистан.

Во неговото богато CV се вклучува и работата за Европската унија во борбата против корупцијата и системите на кривично право во Бугарија, Романија, Србија и Албанија.

Џејмс Хамилтон како експерт во ГРЕКО (Група држави против корупцијата), вршел преглед на проценките за Грција при Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД ).

Тој сега е член на Ирска во Венецијанската комисија, претседател на Меѓународната асоцијација на обвинители, член на експертската анти-корупциска комисија на ЕУ, а работи и како независен советник на Првиот министер на Шкотска.

Што забележа европската експертска комисија, во која член е и Хамилтон

Значајни недостатоци беа идентификувани главно во пет сфери, и тоа: следење на комуникациите, надворешниот надзор од независни тела, избори, медиуми и судство и обвинителство.

Извештајот забележа дека УБК работела надвор од својот законски мандат во име на власта за да ги контролира носителите на високи функции, вклучувајќи ги и обвинителите.
„Судската и јавнообвинителската служба треба да бидат способни да постапуваат на независен и непристрасен начин ( на тој начин да се избегне оставање на впечаток, оправдан или не, за постапување со случаите на селективен и небалансиран начин) а во многу области ова изгледа дека се случува“, беше заклучокот на извештајот на Прибе.

Неодамна, НОВА зборуваше со неколку правни експерти , кои потенцираа дека за новиот т.н специјален обвинител да си ја заврши работата ефикасно, пред се’, мора да биде личност која ќе добие целосна политичка поддршка, тим и средства да ги истражи сите сомневања кои произлегоа од прислушуваните разговори.

А доколку има вистинска политичка волја, и обвинителот по закон ја работи својата работа, може да стекне светска слава, бидејќи, како што коментираа експертите за НОВА, вакви ад-хок позиции се ретки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.