Специјалната прослава на меѓународниот ден на човековите права во Обединетите Нации со фокус на хомофобијата, трансфобијата и наметнатиот бинарен родов систем во спортот.
НБА кошаркарот Џејсон Колинс и тениската легенда Мартина Навратилова ќе присуствуваат на панел дискусијата со Нави Пилеј – висок комесар за човекови права на Обединетите Нации, и активисти за човекови права од САД, Русија, Јужна Африка и други.
Женската Алијанса до Македонија со покана за вклучување во славењето на овој значаен датум преку поставување беџови на вашите профилни фотографии на Facebook користејќи ја нашата апликација за таа намена и со споделување на веб-страницата „Еднакви“ (достапна на интернет адресата http://www.ednakvi.info) која беше изработена како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за човековите права на ЛГБТИ лицата преку едукација и промоција на еднаквост и недискриминација.
Приклучете ни се во нашата мисија, без разлика на вашата сексуална ориентација, родов идентитет или родова експресија. Стрејт, геј, би, транс… сите сте добредојдени! Заедно да се бориме против гетоизација на ЛГБТИ заедницата преку градење алијанса која ќе ги обедини луѓето во духот на општо човечката припадност, порачуваат од Женската Алијанса.
Во 1950 година Генералното собрание на Обединетите Нации го прогласи 10 декември за ден на човековите права со цел да го сврти вниманието на луѓето од светот кон Универзалната декларација за човековите права како заеднички стандард за достигнување за сите луѓе и сите нации.
Во 2013 година, канцеларијата на високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации одбележува 20 години од нејзиното основање. Во декември 1993 година, Генералното собрание на Обединетите Нации му даде мандат на високиот комесар за промоција и заштита на сите човекови права. Генералното собрание постапи согласно препораката од делегатите на Светската конференција за човекови права одржана во Виена порано истата година.
Виенската декларација и програма за акција, усвоена на Светската конференција, го обележи почетокот на возобновување на напорите за заштита и промоција на човековите права и се смета како еден од најважните документи за човековите права во последната четвртина од минатиот век.
Извонредните политички, социјални и економски настани во последните две декади помогнаа да се отклучи потенцијалот на Универзалната декларација за човековите права, ревитализирајќи го движењето за човекови права и генерирајќи прогрес во имплементацијата на принципите на човековите права во правото односно законите, со темпо кое малкумина можеа да го предвидат во 1993 година.
Во последните 20 години имаше значаен фундаментален напредок во унапредувањето на човековите права на жените, развојот на меѓународното право за постигнување одговорност за кршење на човековите права, заштитата и промоцијата на правата на маргинализираните групи и поголемо разбирање на универзалноста и неделивоста на човековите права.




