Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џелал Хоџиќ: Од 60. 000 евра за хуманитарна помош, 10.000 зема Владата

0
By Нова ТВ on May 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 19, 2014 09:32

Активистот Џелал Хоџиќ упати отворено писмо до Владата со барање да го укине ДДВ то од 18% на јавувањата за хуманитарна помош. Во продолжение го објавуваме интегрално текстот на писмото објавено на ФБ профилот на Џелал Хоџиќ.

Отворено писмо до Владата
Стоп за данокот на солидарност!
Граѓаните на Македонија покажаа огромна солидарност. Несебичната помош за настраданите од поплавите во БиХ и Србија ја покажаа големата душа и срце на овој народ. Огромен броj јавувања за финансиска помош, како и многу камиони со храна, вода, лекови, ќебиња за оние на кои тоа деновиве им е најпотребно. Горд сум на моите сограѓани кои покажаа солидарност.

За жал Владата на Р.Македонија уште еднаш, по кој знае кој пат, покажува огромна себичност. На големиот број јавувања на бројот 143-400 од било кој оператор, каде ние-граѓаните со секое јавување донираме по 100 денари за настраданите во БиХ и во Србија, Владата на Р.Македонија зема по 18 отсто ДДВ.

На секои наши 100 денари, кои ние сме решиле да им ги подариме на оние на кои поплавата им уништи сѐ што граделе цел живот, нашата „добра“ Влада земаше за себе дополнителни 18 денари, па така ние плаќаме по 118 денари.

Така било тоа според законот, но каде е тука моралот и етиката на Владата? На премиерот Груевски? На Ставрески? На Бесими? Зарем да наплаќате данок на нашата солидарност?!

Нели е срамота на донација од 100 денари, која оди за деца кои останеле без покрив над глава, вие да земете 18 денари ДДВ за буџетот на Владата на Македонија, нели е?! Знам дека буџетот ви е празен и знам дека приливите во него не се доволни за вашата партиска администрација.

Соберете сили и бидете луѓе и отворете си посебна линија за поддршка на буџетот, ако ви е потребна, а не да се „шлепате“ на желбата на граѓаните кои сакаат да помогнат во хумани цели.Немојте да ми наплаќате 18 денари на моите 100 денари за евакуираните од поплавите во Босна и Србија.

Ако граѓаните на Македонија досега донирале околу 60.000 евра за оние луѓе кои немаат покрив над глава, нашата „добра“ Влада на граѓаните кои биле солидарни им земала ДДВ, кој изнесува преку 10.000 евра. Нека е според сите закони и нека е според сите пишани прописи, безобразно е! За разлика од вас, Владата на Хрватска се откажа од ДДВ-то, а сите средства собрани од него ќе ги пренасочи кон примателите на донациите.

Затоа, во ова отворено писмо, упатувам апел до Владата:

1. Да се откаже од сите средства кои Владата на Р.Македонија ги собра преку ДДВ-то на јавувањата за хуманитарна помош за БиХ и Србија, и да ги пренасочи кон примателите на донациите.

2. Да се приклучи со своја помош кон граѓаните на БиХ и Србија, следејќи го чекорот на своите граѓани, кои покажаа огромна солидарност со народот на БиХ и Србија.

Џелал Хоџиќ- активист

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.