Џес Л. Бејли, кој доаѓа на местото на досегашниот амбасадор на САД, Пол Волерс, а е номиниран за амбасадор во Република Македонија на Стејт Департментот е дипломат од кариера, министер-советник, заменик-шеф на мисијата во Анкара, Турција, позиција на која бил од 2011 година, >>
соопштува Белата куќа.

Од 2010 до 2011 година, г-дин Бејли служи во Стејт департментот како директор на Канцеларијата за Југо-источна Европа.

Од 2008 до 2010 година, г-дин Бејли служел како директор на Канцеларијата за политички прашања на Обединетите нации и претходно работел како лидер на Регионалниот тим за реконструкција во Ербил, Ирак 2007-2008. Дин Бејли служеше како директор на вашингтонскиот Прес центар од 2005-2007 и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Хаг, Холандија 2002-2005.

Од 1998 до 2002 година, тој работел како офицер за културни прашања , а потоа како офицер за информации / портпарол на Амбасадата на САД во Анкара.