Белгиската полиција има докази дека џихадисти од Хаг планирале да ја нападнат Европската комисија во Брисел, јави денес холандската телевизија НОС.
Две лица, маж и жена со турско потекло, биле уапсени на почетокот на август на бриселскиот аеродром на враќање од Турција и се чини дека претходно престојувале во Сирија. Двајцата се осомничени дека и припаѓаат на терористичка група и дека го нарушиле законодавството за оружје и финансирање на тероризам.
Според истиот извор други џихадисти се наоѓаат во Холандија а белгиската полиција трага по нив. Истрагата се фокусира на Холанѓани од турско потекло кои имаат врски во џихадистички мрежи.
Мажот и жената уапсени во август живееле во Хаг но редовно го посетувале Брисел. Во нивниот стан полицијата открила материјал кој укажува дека тие се џихадисти како огнено оружје.