Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џихадистите од Исламската држава погубија уште еден Британец

0
By Нова ТВ on October 4, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Исламската држава ја презеде одговорноста за отсекувањето на главата на 47 -годишниот британски државјанин Ален Хенинг, такси-возач кој пренесувал помош во Сирија и притоа се заканија се дека следниот заложник кој ќе биде погубен ќе биде 26 годишниот Американец Питер Кесиг.

Ова е четврти пат како џихадистите на најбрутален начин убија заложник и снимката ја ставаат на Интернет.

Ова е четврти пат како џихадистите на најбрутален начин убија заложник и снимката ја ставаат на Интернет, пренесоа западните агенции.

Американски официјални претставници за американските медиуми потврдија дека Питер Кесиг, поранешен американски војник кој служел во Ирак, се наоѓа во рацете на џихадистите.

Маскиран џихадист му порача на американскиот претседател Барак Обама дека поради воздушните напади врз Исламска држава, тие ќе продолжат со отсекување глави на неговиот народ и нивните сојузници.

Хенинг, во портокалова облека и на колена, изјави дека ја плаќа цената за гласањето во британскиот Парламент.

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, изјави дека убиството на Хенингс го покажува варварството на џихадистите од Исламска држава, пренесоа британските медиуми.

– Ќе направиме се што можеме за убијците да бидат фатени и изведени пред лицето на правдата, порача Камерон.

Британскиот Форин офис соопшти дека работи на проверката на автентичноста на снимката и дека, доколку се потврди, тогаш тоа ќе биде „уште едно стравично убиство“.

Сцената на самиот чин на отсекување на главата на Хенингс не е прикажана на снимката, но се друго е направено на истиот начин како и во претходните три егзекуции, на двајцата американски новинари и на британскиот хуманитарен работник.

Хенинг бил возач во хуманитарен конвој што тргнал кон Сирија заради давање помош на цивилите и многу брзо по преминувањето на турско-сириската граница, кон крајот на декември минатата година, бил киднапиран.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.