Српскиот тенисер Новак Џоковиќ, ја започнува јубилејната 100-та недела на првото место на АТП листата и потребна му е уште само една за надминување на Американецот Андре Агаси. Во моментов со 100 недели на врвот, Џоковиќ е деветти во историјата по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата.
Пред Џоковиќ е Агаси со 101 недела, а потоа Надал со 102, Бјорн Борг со 109, Мекинро со 170, Џими Конорс со 268 недели на врвот, Иван Лендл со 270, Пит Сампрас како второ име во овој историјат со 286, додека рекордер и понатаму останува Роџер Федерер кој на врвот бил импресивни 302 недели.
Моменталната листа во конкуренција на мажи, популарниот Ноле и понатаму ја држи првата позиција со 11 120 бодови, а по него следуваат Шпанецот Рафаел Надал (10 860), Енди Мареј од Велика Британија со 7 075 бода, Давид Ферер на четвртото место со 6 710, и Роџер Федерер со 4 515 бода.