Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џон Илија Апелгрин: За Кили, за канабисот

0
By Нова ТВ on September 12, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 12, 2013 14:18

Еминентниот музичар Џон Илија Апелгрен на Фејсбук објави текст, кој се однесува на притворот на Кирил Поп-Христов- Кили, но и на неговите аргументи за марихуаната, за која вели дека има лековито својство.

Ви го презентираме целиот текст на Апелгрен:

За Кили, за канабис

Читам веќе неколку дена на фејсбук како луѓе, некои од нив и мои пријатели, имаат проблем со барањето за ослободување на Кили, за декриминализација на канабисот. Читам и не можам да поверувам. Дали можеби јас ги преценувам луѓето и нивната способност или желба за наобразба? Денес можете за која било област која ве интересира да најдете податоци на глобалната мрежа. Секако, проучувањето на податоците никако не треба да биде од само еден извор, туку да се прочитаат спротиставени мислења, да се зачепка малку подлабоко и да се дојде до некаков став по проблематиката која ја проучуваме или да не звучи претешко, проблематиката за која сакаме да се информираме. Неброени се изворите на информации за лековитите својства на канабисот во третманите на повеќе болести, а најчесто на најопаката на денешницата – канцерот. Неброени се и информациите дека канабисот нема никакви лековити својства, но доколку ве интересира кој ги пласира вториве информации, ќе забележите дека се тоа државни установи, доктори кои се сопственици на клиники “pain clinics” и други медицински лица кои работат во интерес на фармацевтските гиганти.

Не ли ви е чудно како една од најупотребливите билки е ставена на листата на забранети? Канабисот се употребувал за добивање на коноп, изработка на квалитетна хартија, сточна храна, гориво, лекови. Познавате ли вака од памет некоја друга билка која е забранета? Јас познавам едно растение кое е на листата на 10те најтоксични на планетава, а расте слободно по парковите, украсува жардињери и кога бев мал ни растеше на балкон заради убавите розеви и бели цветови. Тоа не е забрането, а чај од било кој нејзин дел може да убие возрасен човек.

Не сум чул, искрен да бидам дека од Канабисот некој починал, а ниту сум успеал да најдам таква информација. Значи, забранета е билка која лечи она што конвенционалната медицина не може да го излекува. Секако, застапувам мислење дека алкохолот е поштетен од Канабис, а гледај, се продава секаде, на цигарите пишува дека се опасни по здравјето, а на шишињата со алкохол нема таква забелешка (претпоставувам здраво е) На сите родители кои не прават разлика помеѓу канабис и другите видови на дроги им препорачувам да се информираат подобро.

Сетете се дека ОХО лепакот не е забранет и секое дете може да го набави и употреби во цели кои не се лепење на колажи. Доместос, солна киселина, живин термометар, се некои од работите што сега ми паднаа на ум, кои можат слободно да се купат, а да се искористат за поинакви цели и можат да бидат смртоносни.

Зошто тие не се забранети за продажба? Дури на Mr. Muscolo и другите слични средства пишува дека се отрови, но можат и деца да ги купат. Спремни сме говедата да ги храниме со ГМО храна, во водата ставаме флуор, а измет од ешерихија коли не засладува. Важно во канабисот бил проблемот и треба под итно да се уапсат, затворат, стигматизираат оние кои се дрзнале оваа корисна билка да ја пушат, одгледуваат или лекуваат со неа? Ма немој да ме јебеш, бре!

Претпоставувам оние кои критикуваат никогаш немале лична несреќа да се сретнат очи в очи со канцерот. Кога тоа ќе се случи, човекот поинаку размислува. Секој знае дека наверојатно му се одброени часовите на битисување доколку се лекува со хемотерапија и радијација. Има и такви кои успеале да преживеат со овие терапии, но малку се и канцерот бил рано откриен, кога телото било доволно силно да се бори и со канцерот и со хемотерапијата. Но, што со оние другите? Со нив е полн Бутел.

И мојата мајка е таму, канцерот ја совлада. Во таа 1995 интернетот беше недостапна алатка за информации. Не можев да располагам со сознанијата кои денес ги имам, ниту пак, за опциите кои стојат на располагање. Да ми кажеше некој дека постои начин како да ја излечам мајка ми, немаше да ми биде важно дали кршам некој закон или не. Но, не знаев. А, законите ги пропишуваат луѓето и тие исто така се подложни на промени и безбројни дополнувања.

Во Франција се забранети енергетски пијалаци, во Сингапур гуми за џвакање, во Холандија можете да си приуштите проститутка од излог и џоинт во кафич, зошто во Македонија да не може да се декриминализира канабисот? Секој си гледа за своите.

Поп Христови се нашле во ситуација во која единственото решение, поучени од болката на загубата на своите родители, го побарале во канабисот. И, браво! Секој на нивно место би направил се. Нека се јави некој што смета дека не би барал лек на најневеројатни начини само да ги спаси најблиските!

Што се случи со нашиот народ кој беше широкоград и сочувствителен? Од каде толку злоба и потреба за сеир од туѓите несреќи. Не треба да го сакате Кили за да барате негово ослободување, само замислете дека во иста ситуација е вашето дете, родител или вие самите. Веднаш ќе го спуштите каменот.

Џон Илија Апелгрен

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.