Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК: Очекуваме вклученост и реакција од релевантните државни субјекти за разрешувањето на претседателка на Судскиот совет

0
By Ана Василевска on April 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека очекува вклученост и реакција од сите релевантни државни субјекти за случајот со разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

„Имајќи ја предвид позиционираноста на Судскиот совет како највисок орган на судската власт, кој треба да се залага за бескомпромисно почитување на принципот на владеење на правото и за обезбедување на независноста на судската власт како трет столб на власта, Државната комисија изразува сериозна загриженост за случувањата на седницата на Судскиот совет, од кои во медиумите беа презентирани и видео записи“, се наведува во денешното соопштението на ДКСК.

Комисијата ги потсетува лицата кои се на највисоки државни функции и вршат јавни овластувања, на обврската за почитување на начелата на законитост и интегритет од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

„Начело на законитост: „(1) Секој е должен во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената должност да постапува во согласност со Уставот и со законите. (2) Никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање на дејствие што според закон не смее, односно мора да го изврши, ниту да го подреди извршувањето на законито дејствие на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице. (3) Никој не може да биде повикан на одговорност за корупција освен во случаите и условите предвидени со овој закон, со Кривичниот законик и друг закон и во постапка пропишана со закон“, се посочува во соопштението.

Од ДКСК посочуваат и на начелото на интегритет. – (1) Секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно. (2) Службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должно да ги почитува начелото на законитост, начелото на еднаквост, начелото на јавност, етичките норми и професионалните стандарди, без дискриминација или повластување на кој било со целосно почитување на јавниот интерес. (3) Службеното лице во вршењето на својата функција е должно да внимава на евентуален судир на интереси и при извршувањето на јавните овластувања и должности не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице, нагласува ДКСК во соопштението.

Комисијата укажува и на член 39 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со кој се забранува какво било влијание при избор, именувања и разрешување на раководни места.

– Член 39. (1) Политичка партија или лице што настапува во име на политичка партија не смее да врши притисок при избор или именување, или разрешување на лице на службена, раководна или друга функција или должност, освен во случаите во кои со закон е определена надлежност на претседателот на Републиката, Собранието и Владата на Република Македонија, или органите на единиците на локалната самоуправа да вршат избор, именување, или да даваат мислење или согласност, се додава во соопштението од ДКСК. 

Весна Дамева ДКСК Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.