Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Длабока Река во Маврово прогласена за светско природно наследство

0
By Ivana on July 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шумата како дел од Националниот парк Маврово е впишана на Листата на светско наследство на природата на УНЕСКО. По Охридскиот Регион кој е прогласен за мешано наследство, природно и културно, буковата шума која се наоѓа по течението на Длабока Река е второ природно добро од земјава што се најде на листата на УНЕСКО.

Со прогласувањето стана дел од досието „Древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа“, впишано на листата во 2007 година. Територијата на доброто е проширена во 2011 и во 2017 година, а деновиве уште десет земји се вкулени во споменикот на природата: Босна и Херцеговина, Чешка, Франција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Србија, Словачка и Швајцарија.

– Проширувањето на транснационалното светско наследство „Древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа“ на десет европски земји ја зголемува исклучителната вредност и интегритетот на ова природно добро, кое сега содржи 94 компоненти во 18 земји. Проширената територија на ова добро претставува исклучителен пример на релативно ненарушен комплекс и го претставува широкиот спектар на севкупните еколошки процеси на чисти и мешани стојалишта на европската бука низ разни еколошки состојби, соопшти УНЕСКО.

Комитетот за светско наследство на Листата на светско наследство додаде и четири локалитети споменици на културата и еден споменик на природата: Колонадите во Болоња, Италија, делата на архитектот Јоже Плечник во Љубљана, Пејзажот од шкрилец во Северозападен Велс, Обединето Кралство, Петроглифите на езерото Онега и Белото Море, Руска Федерација и Националниот парк Ивиндо во Габон.

Од Македонија уште четири локалитети се на листата на чекање: Архео-астрономскиот локалитет „Кокино“, номиниран во 2009 година, пештерата Слатински извор, ставен на листата во 2004 година, Маркови кули, номиниран во 2004 година и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, номинирана кон крајот на 2020 година.

44. сесија на Комитетот за светско наследство се одржа онлајн, а домаќин беше Кина.

 

 

Длабока река Маврово Светско наследство Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.